
ПРОЕКТИ
Д-р Мириам Гросман - 2021
Дипломира медицина на Универзитетот во Њујорк. Остварува стаж од областа на педијатријата во болницата Бет Израел во Њујорк и завршува специјализантско стажирање по психијатрија, проследено со стипендија за детска и адолесцентна психијатрија во болницата North Shore-Cornell University Medical College. Во период од 12 години работи во Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) во студентските советодавни служби, каде речиси сите нејзини пациенти се студенти на возраст од 18-30 години. За нејзиното искуство од работата со студентите пишува книга, за потоа активно да пристапи кон систематско изучување на сеопфатното сексуалното образование (ССО), како започнало и што тоа претставува денес.
Тема на предавањето: Што е тоа род? - дел 1
Линк до видеото: Д-р Мириам Гросман: Вистината за родот - дел 1
Веб страницата на Д-р Гросман: www.miriamgrossmanmd.com

Д-р Мириам Гросман - 2021
„Овде сум да ве предупредам, во најсериозна смисла на зборот, дека родово-сензитивниот тренинг, како што е дизајниран од IPPF, е опасен за најголемиот дел од децата и семејствата. Една од таквите опасни идеи е дека полот е независен од биологијата. Нам ни е кажано, а и вашите деца ќе бидат образувани во тој дух преку родово-сензитивното образование, дека полот (да се биде момче или девојче) не е определен од хромозомите или анатомијата, туку дека е определен од чувствата. Родовата сензитивност ќе ги учи децата дека тие се оној кој тие мислат дека се. И дека тоа е она што е важно, нивните мисли и чувства. А не нивната биологија. И не нивното физичко тело“.
Тема на предавањето: Што е тоа род? - дел 2
Линк до видеото: Д-р Мириам Гросман: Вистината за родот - дел 2
Веб страницата на Д-р Гросман: www.miriamgrossmanmd.com

Стефани Вин - 2022
- брачен и семеен терапевт -
Разговoр со Стефани Вин, брачен и семеен терапевт од Орегон (САД). Стефани сподели со нас голем дел од нејзиното искуство околу родовата дисфорија и родовата идеологија, како и голем број совети за нашите психотерапевти од Македонија и родителите кои се соочуваат со проблеми кои влечат корен од индоктринацијата на нивните деца со идејата дека родот/полот може да се менува.
Стефани посебно ја нагласи нелогичноста на трансродовиот наратив, според кој од една страна оние што се нарекуваат себеси „трансродови“ велат дека нивната состојба не е ментално пореметување и дека сè е во ред со нив, а од друга страна бараат упати од психијатри за медикаменти и операции.
Тема на предавањето: Родова идеологија наспроти родова дисфорија
Линк до видеото: Отворен разговор со Стефани Вин, брачен и семеен терапевт
Веб страницата на Стефани: www.sometherapist.com

Д-р Миша Ѓурковиќ - 2023
Д-р Миша Ѓурковиќ, истакнатиот српски политички филозоф, директор на Институтот за европски студии во Белград, автор на повеќе од 16 книги и збирки на статии и гостин-предавач на неколку странски универзитети, не' води низ историјата и проблемите кои ги носи самото прифаќање и ратификување на Истанбулската конвенција, која наводно е за заштита на жените од насилство, а всушност преку неа се врши законско протнување на родовата идеологија.
Тема на предавањето: Истанбулската конвенција
Линк до видеото: Истанбулската конвенција: импликации и последици - Д-р Миша Ѓурковиќ, политички филозоф
Веб страницата на Д-р Ѓурковиќ: http://www.misadjurkovic.info/

Mass Resistance - 2023
Граѓанската организација Mass Resistance од САД го презентира своето долгогодишно искуство во заштита на децата од радикални идеологии, со фокус на родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование. Издвоени се само највпечатливите и најбитните делови од презентацијата, со превод на македонски јазик.
На крај, презентерот Артур Шејпер завршува со следната порака до сите родители во Македонија:
"Ова доаѓа и во вашата земја, ако не кажете НЕ на оваа агенда".
Тема на предавањето: Родова идеологија и сеопфатното сексуално образование
Линк до видеото: Време е да станеме за вистината
Веб страницата на Mass Resistance: https://www.massresistance.org/

Advocates Protecting Children - 2024
Здружение на родители од САД, кое игра значајна улога во општествената одбрана на децата од родова радикализација. Членовите се со долгогодишно педагошко искуство и обука во областа на психологијата. Марија Кефлер е еден од основачите на здружението и е автор на неколку книги. Таа зборува за тоа како сеопфатното сексуално образование наместо да има позитивен ефект, всушност ги припрема и мотивира децата да бидат промискуитетни и да веруваат во антинаучни идеологии, како што е родовата.
Тема на предавањето: Сеопфатно сексуално образование
Линк до видеото: Предаторско сексуално образование од основно до средно училиште - како грст педофили ги претворија училиптата во машини за груминг
Веб страницата на здружението: https://www.advocatesprotectingchildren.org/


ЈАВНА ТРИБИНА ЗА ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ
пред Собрание на Република Македонија
Теми на Трибината: Дигитализација, инклузивност, родова рамноправност, меѓупредметна интеграција, останати реформи во основното и средно образование
Целта на Трибината е оценување на уставноста на:
- Закон за основно образование
- Концепција за основно образование
- Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование
Говорници: Родител на типични деца, родител на атипични деца (посебни потреби), наставник, педагог, психолог, социолог, невролог, дефектолог, офталмолог други стручни лица
Линк до видеото: ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ

„МОЕТО СЕМЕЈСТВО Е МОЈОТ СВЕТ“
- конкурс за најубава писмена творба и цртеж -
Конкурс за деца од 7 до 13 години за најубава песничка или состав,
во која ја опишуваат својата љубов за мама и тато, дада и бато,
кажуваат зошто ги сакаат најмногу на свет и ни набројуваат за секој посебно
неколку позитивни карактеристики. Воедно, напишаното е и во форма на цртеж.
Повеќе детали за конкурсот може да најдете тука.
.jpg)
„ДО МОЕТО НЕПОЗНАТО ПРИЈАТЕЛЧЕ“
новогодишна игра за деца од 1-во до 9-то одделение
Целта на оваа игра е, покрај забавата, децата да ги развијат
своите комуникациски и креативни вештини, да стекнат емпатија еден кон друг,
како и да им се даде можност за нови пријателства.
Учесниците изработуваа новогодишен украс / лампион и новогодишна честитка,
и ја адресираа до непознато пријателче со најубави желби за Новата 2023 година.
Тие беа поделени во групи по двајца, и на секое дете ќе му беше дадена
адресата на неговиот партнер, на која ги испрати украсот и честитката.
Повеќе детали за конкурсот може да најдете тука.

„БИДИ И ТИ ДЕДО МРАЗ“
- ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА-
Новогодишна игра за родителите во текот на месец јануари:
Разубавете ја новата година на едно или повеќе социлано загрозени дечиња.
Подарете новогодишно пакетче или нешто по ваша желба и пишете ни какво
беше вашето искуство кога подадовте рака на едно невино малечко детенце.
Повеќе детали за акцијата може да најдете тука.
ОБУКА СО ADF International
- највлијателната организација на адвокати во светот -
Од 9. до 10. февруари, заедно со нашите соработници од ADF International, одржавме дводневен семинар т.е. обука за адвокати, граѓански активисти, политичари и професионалци од областа на законодавството во Македонија и нивно вмрежување.
Ова е прва средба од ваков тип, на која се говореше за слободата на мисла, говор и изразување, родителските права, бракот и семејството, како и правото на вероисповед.
Повеќе детали може да прочитате тука.

ИНФО СЕСИИ
Во 2024 год. Коалицијата за заштита на децата организира и оддржа инфо сесии во
15 општини ширум Македонија, каде неколку стотици родители, наставници,
директори на училишта, педагози и психолози беа информирани за опасностите од
сеопфатното сексуално образование, радикализмот на родовата идеологија,
и штетните закони со кои се наметнуваат антинаучни верувања.
Голем дел од инфо сесиите беа организирани со поддршка
на општините и градоначалниците, а инфо сесиите во Струмица беа
организирани во соравотка со здружението на родители „Родителски фронт“,

Конференција: Радикалноста на
антиполовите движења
- Струмица 2023 -
Конференција на која се зборуваше за проблематиката околу родовата идеологија, сеопфатното сексуално образование и родовите закони кои се наметнуваат во Македонија, и како да се справиме со истите. На конференцијата беа поканети родители, наставници и активни учесници во борбата за заштита на децата, пред кои Коалицијата го сподели своето повеќегодишно искуство и разработена стратегија на делување. Системски беа разгледани повеќе аспекти од штетата што ја предизвикува родовата идеологија во образованието и општеството воопшто.
Здружението на родители „Родителски фронт“ се погрижи
за логистиката и техничкиот дел во организацијата.

ТРАНС (НОН) СТОП
- ЈУНИ - месец на документарци
Информираноста е основно начело за решавање на секој проблем.
Бидете дел од првата активност на проектот:
„Одговор на радикалната родова идеологија и движењето против семејството“
Секоја недела во јуни 2022, по еден документарен филм.
Дали има разлика меѓу половите I Што е тоа трансродовост и како медицински се третира I Каква улога игра политиката I Колкава е штетата врз децата
- сето тоа низ призмата на науката и медицината.
Превод: Коалиција за заштита на децата
Линкови до видеата:
Дел 1 - ТРАНС ВОЗ: ДЕТРАНЗИЦИЈА
Дел 2 - РЕПОРТАЖА: ТРАНС ДЕЦА
Дел 3 - ТРАНС ВОЗОТ
.png)
„РОДОВА ТРАНСФОРМАЦИЈА:
Нераскажаните реалности“
документарна драма снимена по вистинска приказна,
добитник на 9 филмски награди и признанија
Вистинска приказна, која открива што всушност се случува со оние кои почнале да го „менуваат“ својот пол, импликациите од таквата постапка, финансиските интереси зад трансродовото движење, како и политичките и општествените механизми кои се во игра и скриените реалности зад наративот за социјална правда. Ја обработува комплексноста на трансродовото движење и како тоа се одразува врз младите, преку влијанието на образованието и социјалните медиуми.
Превод: Коалиција за заштита на децата
Филмот е бесплатно достапен до ноември 2024 г. на следниот линк.

КИНСИЕВИОТ СИНДРОМ
Централна фигура на овој документарец е Алфред Кинси, американски сексолог, чии „истражувања“ опишани во неговите книги за сексуалното однесување на луѓето се основа на т.н. сеопфатно сексуално образование, и покрај тоа што тие се лажни, бидејќи наместо да ја интервјуира обичната популација, тој специјално се фокусирал на проститутки, сексуални психопати во затвор, жигола, макроа, коцкари, геј популација, крадци и други престапници, кои ги претставил како "просечни американски мажи и жени".
Лажните и напумпани статистики на Кинси сугерирале дека голем број од мажите се хомосексуалци и врз основа на тие негови тврдења е започната геј револуцијата. Тој утврдува дека сексот со возрасни и инцестот е корисен за децата и затоа е потребно експлицитно сексуално образование во училиштата, за тие да се научат на мастурбација и хомосексуални односи од најмали нозе.
Кинси е музата на оние кои ја започнаа порнографската индустрија, која врши промоција на педофилијата, особено преку брзиот интернет пристап. Тој измислува дека педофилите не ги повторуваат делата и не им наштетуваат на децата со тоа што сексуално ги злоставувале.
Во филмот се објаснува дека Фондацијата Рокфелер ја финансира работата на Кинси и директно влијае во менувањето на кривичниот законик.
Линк до филмот: Кинсиевиот синдром
