top of page

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ ЗА ССО: ПРЕГЛЕД НА ИСТРАЖУВАЊАТА ОД СВЕТОТ



М-р Ајрин Х. Ериксен и д-р Стен Е. Уид од Институтот за истражување и евалуација разгледаа 120 студии за училишно сексуално образование кои беа дел од прегледите на истражувањето спонзорирано од три институции: Организација за образование, наука и култура на ООН (УНЕСКО), федералната Програма за превенција на тинејџерска бременост во САД и Центарот за контрола и превенција на болести. Овие три организации разгледале над 600 студии и ги прифатиле само оние истражувања кои имаат соодветен научен квалитет. Во нив се вклучени 60 студии од САД и 43 студии надвор од САД за сеопфатното сексуално образование, како и 17 студии за едукација за апстиненција. Само 6 од 103 студии за сеопфатното сексуално образование (во САД и надвор од САД заедно) покажаа некаков ефект во период од минимум 12 месеци. Шеснаесет студии покажаа негативно влијание од сеопфатното сексуално образование. Од 60 студии во САД, само 3 програми покажаа подолготраен ефект, а седум студии имаа штетни влијанија. Од 17 студии за програмите за апстиненција, 7 покажаа долготраен позитивен ефект, а само една студија покажала штетни последици. Заклучокот е дека за оние студии што одредени институции ги промовираат како позитивни, всушност не постои доказ дека имаат позитивни ефекти. Во САД доказите потврдуваат дека програмите за апстиненција се нешто подобри од програмите за сеопфатно сексуално образование. --------------------

-------------------

Благодарност до К.Д. и нејзиниот тим за преводот и обработката на видеото. Сите останати што сакаат да помогнат на овој начин, ве молиме контактирајте не' по порака. All rights belong to IRE. This video was translated for educational purposes only.

Kommentare


bottom of page