top of page

ЗОШТО ЈА ПОДДРЖУВАМ КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА И ПРОТЕСТОТ ВО ЧЕТВРТОК

Пишува: Тања Царовска, естраден уметник

Многу причини. Ама ќе набројам неколку сликовити примери. Потенцирам - ова се само неколку примери. Еве го и предлог-законот за да може секој да прочита и одлучи.


Пр. 1 - Затоа што мислам дека е манипулативно и нефер човек роден во машки пол, со машка физичка сила, а кој се дефинира себе си трансрод (односно, се доживува како спротивниот, женски пол), да се натпреварува во спорт со жени. Пардон, но тоа само ме потсеќа на комичен циркуз, а неверојатно, веќе станува сериозно и пречеста ситуација. Тука се всушност дискриминирани и понижени жените натпреварувачи. Либералноста не може да биде без лимит, тогаш веќе преминува во индиферентност кон околината, односно пасивност. Гајле ни е или не ни е - тоа е прашањето.


2. Да се користат термините „родител еден и два” и „личност што раѓа”, наместо жена/маж, мајка/татко (означено навредливо на тие што не спаѓаат во тие категории), е како да се нареди со закон цел уметнички свет да престане да црта слики, да прави музика или филмови, зашто тоа е навредливо за СЛЕПИТЕ или ГЛУВИТЕ луѓе. Апсурд.


3. Зашто сметам дека транс лицата сериозно си го уништуваат здравјето, а јас секогаш ќе бидам против тоа моите солуѓе да бидат излажани и нивната психа да биде „хакирана” од манипулативна пропаганда. Ве молам, погледнете го филмот „Што е тоа жена?” на Мет Волш и видете ги сите патешествија и трајни психофизички оштетувања на луѓе кои подлегнале на пропагандата и си го „смениле“ полот. Слушнете ја вистината од паталци наместо од гаталци, зашто само ТАА никаде не ја пишува во законот.


4. Зашто е контра природата и нефер спрема децата. Неприродно е маж да сака да роди дете. Всушност, навистина ли и тоа треба да го образложуваме? Нема потреба. Ама ај, ако некој смета дека има 😀. Илјадници години деца раѓаат само жени. На мажите едноставно не им е дадена матка. Ако требаше да раѓаат, ќе имаа матка. Природата од првиот ден на оваа планета им го одзела на мажите правото на матка, а јас мислам дека природата е поинтелегентна од се'.


5. Затоа што да почитуваш нечија сексуална определба е сосема различно нешто од тоа да дозволиш децата и младите луѓе да бидат константно навигирани кон некоја филозофија, во случајов, таа дека се' ова погоре е всушност ок и сосема природно. Ако беше, немаше да постои живот на планетава. Значи, да појаснам, во ред е да се биде неприроден, на пример, да се стават вештачки гради. Никој законски не смее да казни некој што има вештачки гради. Нити да дискриминира. Но, мора да се постави граница колку на нашите деца им се зборува за тоа како вештачките гради се човечко право. Исто е и со полот. Не е праведно да се проповеда дека е толку едноставно да бидеш што сакаш, само зашто така се чувствуваш. Тука штетноста „во тони” натежнува над корисноста.


Чувствата се емоции, а емоциите се често подложни на манипулации и заблуди. Заедницата некогаш мора здраворазумно да ја согледа реалноста, на пример - да спречи некого да се самоповреди зашто „некако се чувствува”.


Децата, пак, се најлесно подложни на манипулации и тие често ќе прифатат се' само за да се вклопат во друштвото. Тоа е опасен лавиринт, опасен по здравје, а со тоа и по квалитет на живот. Пример се овде милиони тинејџерки, кои веќе имаат вградени вештачки усни, јаболчници итн, зашто се преплавени со презентации и реклами дека тоа е убаво и треба да си го приуштиш ако чувствуваш дека така ќе бидеш среќен/на. Децата треба да се учат токму на спротивното - издржливост, отпорност и здраворазумие, наспроти лесно потпаѓање на своите моментални чувства.

6. Затоа што мислам дека децата се по дифолт со вродено прифаќање на разлики и различни од себе. Дотолку што не ги ни забележуваат РАЗЛИКИТЕ. Колку повеќе им се посочуваат разликите, толку повеќе кај децата неприродно се развива свест за истите разлики. Затоа и мислам дека ваков закон е многу повеќе штетен од корисен. Патот кон хармонично општество е преку покажување на пример за љубов, не преку покажување на разликите и додавање „ама и нив треба да ги сакаме и почитуваме”.



Comments


bottom of page