Пишува: Горан Илиев,
претседател на здружението Да го зачуваме бракот и семејството
ЛГБТ активистите, милуваат себе си да се претставуваат како напредни, прогресивни, заштитници на демократијата и женските права. Но, тие имаат една лукава стратегија, на нивните опоненти намерно да им лепат етикети, со цел народот да се сврти против нив. Така, на оние кои се противат на родовата идеологија, било тоа да се доктори, научници, борци за женски права/феминистки, верници... тие смислено ги етикетираат како антидемократи и антифеминисти. Но, ајде да погледнеме која е демократијата што овие ЛГБТ активисти ја промовираат на дело:
• Во светот, ваквите квази-демократи и заштитници на човечки права, бараат да се забрани секоја научна книга, која зборува против последиците од нивната идеологија. Ги замолчуваат или отпуштаат од работа оние кои изнесуваат научни факти, па дури и еминентни и докажани психолози, како Џордан Питерсон. Ги напаѓаат физички жените кои се борат за женските права, како Kellie-Jay Keen-Minshull. Експлицитните сексуални материјали, кои ги наметнуваат во основните училишта на мали деца без дозвола од родителите, упорно ги кријат од родителите и од јавноста.
• Во Македонија, министерката Јована Тренчевска новата верзија на предлог закон не ја објавува јавно; трибините за дебата за овој предлог закон не беа објавувани јавно и за самите дебати, тие бараа да не бидат јавно снимани и објавувани.
• ЛГБТ организациите, упорно бараат Црквата да замолчела и дека немала право таа да се меша во јавнот живот, иако Црквата се луѓето, а во Македонија тоа се барем околу 70% од населението.
• Ирена Цветковиќ на вестите на ТВ Сител инсистира дека немало потреба од дебати за предлог-законот надвор од Собранието и дека тоа ќе се решело во собраниска процедура. Од што се плаши Ирена Цветковиќ? Од мислењето на народот!?
• Демократијата значела: обезбедување права на малцинството. Но, дури и да е така, тоа не значи наметнување на идеологија од стана на малцинството врз мнозинството. Популарно се нарекува миноритарианизам. Но, во пракса најчесто функционира како тиранија, диктатура и деспотство, и е потполна спротивност од демократијата.
• Она што го промовира (транс)родовата идеологија е всушност идеја дека личната и субјективна реалност на поединец (дека маж се чувствува како жена) може да се наметне како објективна реалност врз мнозинство и мнозинстото мора да ја прифати таа „реалност“, иако не соодветсвува со науката, реалноста, и општо прифатената дефиницијата. Во спротивно, мнозинството ќе биде казнето. Иако сочувствувам со поединецот кој страда од родова дисфорија, тоа не значи дека заради поединецот (или десетина поединци) треба опшеството да се откаже од реалноста и да ја прифати нивнат дефиниција за маж и жена. Ако опшеството така би се прилагодувало на секој поединец, би настанал хаос. Еве, пластично да го објаснам тоа со пример: замислете личност која различно ги пресметува своите години и вели дека иако има 30 години, опшеството треба да му издаде лична карта во која пишува дека има 70 години, бидејќи така се чувствува. Замислете друга личност, која си има различно/субјективно поимање за тежината, па така, иако е 150 кг. таа личност се чувствува како да има само 60 кг. Замислете оваа личност да продава зеленчук на пазар и тегот од 1кг. си го чувствува како тег од 5кг. Друга личност пак, месото си го смета за зеленчук и го продава како вегетеријанска храна. Зошто овие работи не би ги дозволиле во име на демократијата? Затоа што постојат општо прифатени дефиниции, засновани на одредени параметри, компоненти и на реалноста, и не може поединци да си имаат своја, приватна реалност, а со тоа и приватни дефиниции, различни од востановените. Тоа не е демократија. Психијатрите имаат друг збор за тоа, ама ако го напишам, наводните демократи ќе ме тужат, во име на демоктаријата.
• Ирена Цветковиќ на ТВ Сител изјави дека не постои закон што ќе ви забрани да се идентификувате како сакате, па дури и како пеперутка. Но, законот и опшеството не се должни правно да ја признаат Ирена како пеперутка. И не е точно дека може да се идентификувате како сакате и дека законот не може да ви забрани. Пробајте да се идентификувате како полицаец, инспектор, доктор и сл., ако тоа не сте, па ќе видете како ќе завршите. Ете, лажниот доктор од Вевчани заврши во затвор.
Па сега вие размислете и донесете заклучок, кое е вистинското лице на овие активисти, кои сакаат да се престават како големи демократи, ама истовремено се обидуваат да ја уништат реалноста, да ја сокријат вистината и да ја наметнат својата ненаучна и деструктивна идеологија врз мнозинството, а ги имало помалку од 100 на број.
댓글