top of page

(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА „ГРЕШКА“, ОВОЈ ПАТ НАПРАВЕНА ОД ЦРВЕН КРСТ

Неодамна низ социјалните мрежи проциркулира објава дека за време на работилница на Црвен крст, малолетни деца биле вклучени во сексуални игри. Овојпат има и видео, кое е јавно обелоденето.


Глетката не видеото е снимена од учесниците во програмата “Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ), малолетници и возрасни од различни земји - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и др.


На самото видео се гледаат разголени момчиња во танга и прслуци, кои конзумираат алкохол, а возрасни мажи и жени стојат од страна или учествуваат во „играта“ допирајќи ги нивните тела.


На оние кои велат „младост-лудост, детско глупирање“, сакаме да им го потенцираме следново:


Едно нешто е врсници да се соберат некаде и да се „глупираат“ меѓу себе, а сосема друго нешто е кога вакво „глупирање“ е поттикнато, мотивирано, охрабрувано и водено од возрасни мажи и жени, кои работилниците ги организирале за да промовираат „хумани вредности“.



Потсетуваме дека сличен ваков скандал имаше и пред година и половина во извидничкиот камп, кој е во соработка со Хера, а каде на час по „сеопфатно сексуално образование“ си ги боеле гениталиите со разни бои и оставале отисоци на хамер, правеле секс пози пред манастир, возрасни мажи ги оценувале градите на девојчињата и сл.


Преземи Одговорност претходно објави повеќе детали за Црвен Крст, кои ги пренесуваме подолу:


Црвен Крст се во соработка со Хера и Маргини и тие се учесници и потписници на сите акции на овие организации за имплементирање на ЛГБТИ+ и перверзно сексуално образование што ќе треба да го изучуваат нашите деца во училиштата.

НВО декларација за сеопфатно сексуално образование потпишана од Црвен Крст (извор: веб-сајтот на ЛГБТИ+ организацијата Маргини)



Од Платформата за родова еднаквост, кои насилно притискаат за целосно менување на образовната концепција во согласност со нивната ЛГБТИ+ агенда (потписници се сите ЛГБТИ+ организации, вклучувајќи ги Хера и Маргини, организацијата на проститутките, како и Црвен крст):



Comentarios


bottom of page