top of page

УБИЕНИ БЕБИЊА ОТКАКО ДОКТОРИТЕ ИЗВРШИЛЕ НЕУСПЕШЕН АБОРТУС

НАПОМЕНА: На оние со слабо срце и што не можат да поднесат грозоморни фотографии, им препорачуваме да не продолжуваат со читање.

Овој месец страшен скандал го затресе американското општество.


Две жени што се про-живот активистки, односно кои сметаат дека и сè уште неродените бебиња се човечки битија што имаат право на живот, стигнаа до пакет полн со убиени бебиња. Имено, на 25-ти март, основачот и извршен директор на Прогресивниот анти-абортус бунт (Progressive Anti-Abortion Uprising), Териса Буковинак, и директорката за актвизам, Лорен Хенди, отишле во Surgi клиниката во Вашингтон, каде забележале паркиран камион што собирал медицински отпад и две големи кутии означени со биохазардни знаци. Возачот на камионот не знаел што има во кутиите, така што Териса и Лорен го натерале да провери, бидејќи биле упорни дека тоа се абортирани бебиња, што се потврдило дека навистина е така. Тие го замолиле возачот да им даде една кутија, со што тој се сложил откако му објасниле зошто им треба.

Кога ја отвориле кутијата, виделе дека имало 110 абортирани бебиња, повеќето абортирани во првото тромесечие од бременоста. Исто така, нашле и 5 бебиња, кои биле доволно големи да преживеат надвор од утробата, а на едно од нив виделе и рез кој се прави со операција со која делумно се раѓа бебето, која е забранета со федералниот закон на САД.


Про-живот активистките петте бебиња ги задржале, а другите 110 ги погребале. Тие се јавиле во полиција и пријавиле дека имаат 5 бебиња кои најверојатно се убиени откако се родени. Но, ден подоцна, 9 од активистките, вклучувајќи ја и Лорен, биле уапсени од FBI поради обвиненија дека пред 2 години илегално влегле во Surgy клиниката за да ги разубедат жените што сакале да абортираат. Истиот ден подоцна, FBI отишле во апартманот на Лорен, каде што се наоѓале бебињата, за кои полицијата веќе беше известена.


Во меѓувреме, Live Action ја објави приказната јавно и контактираа експерт за новородени деца, Др. Робин Перучи, кој потврдил дека 4 од бебињата се убиени откако биле родени.

Притоа, треба да се напомени дека клиниката е во сопственост на Др. Цезаре Сентанџело (која иронија на името – Сентанџело во превод е „свет ангел“), кој неколку години претходно Live Action со скриена камера го фатиле како кажува дека ако абортусот е неуспешен, тој го остава бебето да умре, што е илегално. Според законот на Вашингтон, доколу абортусот е неуспешен и бебето е извадено живо, докторите се должни да му пружат нега и да го оддржат во живот. [1] Видеото може да го погледнете тука.


На 1-ви април, иако не направиле аутопсија и проверки, полицијата на пресконференција изјави дека не постои веројатност дека бебињата се илегално убиени.


Четири дена подоцна, активистка од Прогресивниот анти-абортус бунт оддржа пресконференција, опиштувајќи ги настаните и објавувајќи нов факт – камионот што ги собирал кутиите со бебињата припаѓал на компанијата Куртис Беј Енергија (Kurtis Bay Energy), која отпадокот го претвора во енергија. Значи, ги горат бебињата за да добијат енергија.


Поради тоа што активистите успеаја сето ова да го изнесат во јавност, многубројни аубиени-бебиња-откако-извршиле-неуспешен-абортусдвокати и конгресмени почнаа да ургираат за да се изврши целосна и детална истрага. [2]


Случувањата се во тек.


Следи видео и фотографии од бебињата и повторно напоменуваме - доколку имате срцеви заболувања и психички ве афектираат грозоморни фотографии, ви препорачуваме да ги прескокнете видеото и фотографиите.






--------------------------


Извори:




Comments


bottom of page