Коалицијата за заштита на децата најавува циклус на активности посветени на семејството, децата, вистината, науката, а кои се дел од проектот "Одговор на радикалната родова идеологија и движењето против семејството".
Од неделни едукативни кино вечери, па сѐ до забавни културно-уметнички настани, ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да се информираме и да твориме.
Јуни е почеток на нови и интересни случувања, кои дефинитивно ќе ви го задржат вниманието.
Овој месец го посветивме на важноста на точната информација, на онаа информација што не содржи само дел од вистината во себе, туку целосната реалност за тоа што е трансродовост, како оваа појава ја третира медицината, каква улога има политиката во распространување на родовата идеологија и колкава штета се прави на децата, сето тоа преку сознанија од истражувања, научни факти и лични сведоштва.
Останете со нас и очекувајте го првиот документарен филм во првата недела на јуни.
Comments