top of page

СТАВ НА РОДИНА: КОГА РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ПОДИГНАТ ГЛАСОТ, ДИРЕКТОРОТ СЕ ПОВЛЕКУВА


Жестока реакција на родителите на учениците од ООУ „Љубен Лапе“ во Скопје, да го запрат обидот на директорката за протнување на трансродови еднодневни активности во училиштето.


Во услови на хаос во образовниот систем во Македонија, кога учениците поради наводно поставени бомби во училиштата изгубија голем број наставни часови, одекна уште една бомба, овој пат од ОУ „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром во Скопје, во која со одобрение на директорката, учениците од VI до IX одделение, по теркот на западните трансродови општества цела недела ќе реализираат предновогодишни активности надвор од наставната програма зачинети со трансродови содржини.


Оваа вест одекна како еден вид освестување на родителите кои како формални членови на Советите на родители во училиштата беа заобиколени и вчудоневидени од идејата, нивните деца во училиштето да практикуваат програма со кодекс: биди спротивен од себе и облечи се како спротивниот пол.

Овие две активности го вклучија алармот и според информациите директорката ја повлекла програмата.

СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: до каде оди самоволието на директорите и кој ќе ја понесе одговорноста за тоа?


ЕДНО Е ИЗВЕСНО: будноста и заедничкото делување на родителите се рецепт како да се застане на патот за влез на трансродовата идеологија во училиштата.

Ова е добар пример и за тоа како родителите можат да ги принудат образовните институции да се однесуваат одговорно кон обврските за кои се платени од народот. И последно, крајно време е РОДИТЕЛИТЕ да се организираат и ДА ПОСТАВАТ услови да бидат активни учесници во креирање на иднината на своите деца.

Софија Ачкоска, Претседавач на Комисијата за образование-Родина Македонија


п.с.

Благодарност до Коалицијата за заштита на децата која прва ја објави веста во јавноста (линк од веста)


Преземено од РОДИНА

Comments


bottom of page