Она што е забележливо во кампањата за сеопфатното сексуално образование (ССО) на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, е тоа дека еден од главните аргументи за потребата од воведување сексуално образование е тоа што „стапката на тинејџерска бременост, како и на абортуси, е неколкупати повисока од наа во земјите членки на Европската Унија“ и дека репродуктивното здравје е многу важно.
Со оглед на тоа што Хера се раководи според насоки и рамки директирани, покрај оние од СЗО и ЕУ, и од нивниот главен партнер Планирано родителство, а Планирано родителство е единствениот најголем провајдер на сексуално образование во САД и програмата што се спроведува кај нас е поддржана токму од нив, соодветно е да разгледаме какви резултати имаат постигнато до сега во однос на намалување на несаканите бремености и бројот на абортуси.
Најновиот годишен извештај на Планирано родителство за периодот јули 2020 год.- јуни 2021 год., кој беше објавен со задоцнување од околу 9 месеци, сведочи дека наместо намалување, Планирано родителство извршиле драстично зголемен бројот на абортуси до невидено ниво досега - 30 илјади повеќе абортуси отколку вообичаено, што е 41% од вкупниот број на абортуси во САД. Во последните 20 години, пак, бројот на абортуси извршен од Планирано родителство е зголемен за зачудувачки 80%.
Иако посочувањето на овие податоци изгледа како генерализирање, сепак станува збор за доста значајни факти, кои јасно ги отсликуваат резултатите од ССО. Имено, 60% од жените што извршуваат абортус се во нивните 20-ти години од животот. Со оглед на тоа што во САД сеопфатното сексуално образование е имплементирано во образовниот систем пред повеќе од деценија, јасно станува дека споменатите 60% од жените веќе поминале низ таква обука со која, според Планирано родителство и Хера, требале да бидат едуцирани и насочени да користат презервативи, кои штитат од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Следствено, програмата за сексуално образование на Планирано родителство, а со тоа и на Хера, повторно се покажа како неуспешна.
Дополнително, бројот на абортуси расте, а бројот на услуги - здравствени и медицински прегледи што ги нуди Планирано родителство - се намалува. Споредбено, од 2010 година до сега бројот на тестирања и услуги за превенција од рак се намалил за 74%, пренаталната нега е намалена за 72% и бројот на услугите поврзани со контрацепција е намален за 41%.
Најголемиот број финансиски средства Планирано родителство досега ги добиваше од владата на САД. На табелата е прикажан нивниот приход за финансиската година 2014/2015, каде може да се види дека владата инвестирала 553 милиони американски долари за тој период.
Владините финансии законски не смеат да се користат за давање услуги поврзани со абортус, освен ако треба да се спаси животот на мајката или бременоста е последица на силување или инцест. Панирано родителство продолжуваат да примаат финансии од владата, без разлика што статистиката за последните 10 до 20 години покажува нагло опаѓање на нивниот интерес за превенција на рак и контрацепција.
Согласно изнесените податоци и докази, разумно е од Министерството за образование и наука да се запрашаат: доколку главниот партнер на Хера успеал само да ја влоши состојбата за последните 12 години, ако се земе во предвид енормно зголемениот пораст на абортуси, на која основа треба да им се верува на Хера дека тие ќе направат нешто поуспешно, со истата програма што ја користат Планирано родителство?
Comments