top of page

СОБРАНИЕТО ДА ОБЈАВИ НОВ ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА КСЗД

Апелираме до Собранието на Република Македонија две важни работи:


  1. Да го објави одново огласот за избор на 2 членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), бидејќи истиот не беше објавен на веб страница на Собранието, а тоа е задолжителен услов според член 18 од законот за спречување и заштита од дискриминација.


Информираме дека на веб страницата на Собранието на РМ, во делот каде што се објавуваат огласи, воопшто не постои оглас објавен на 15 Февруари 2023 г. Постојат три огласи за избор на членови, но тие се стари (2021, 2020 и 2019 година).



2. Исто така апелираме Собранието да не подлегнува на притисокот на невладината организација „Коалиција Маргини“ да изберат членови од нивните идеолошки кругови. Комисијата треба да е балансирано составена од членови со леви и десни идеолошки погледи. Комисија би била крајно пристрасна и необјективна доколку сите нејзини членови се застапници на левите идеолошки погледи и родовата идеологија. Комисијата треба да служи на сите граѓани на државата, а не само на 1%. ЛГБТИ+ правата не се единствените човекови права во државава.



63 views0 comments

ความคิดเห็น


bottom of page