top of page

Родово-сензитивното образование е опасно за децата - Др. Мариам Гросман


Овде сум да ве предупредам, во најсериозна смисла на зборот, дека родово-сензитивната обука, како што е дизајнирана од IPPF, е опасна за најголемиот дел од децата и семејствата.

Кога дипломирав на медицинскиот факултет, дадов заклетва. Застанав, ја кренав мојата десна рака и се заколнав дека ќе превенирам болести секогаш кога ќе имам можност за тоа. Во тоа време претпоставував дека моите големи битки во медицината ќе бидат против ракот, срцевите болести, шизофренијата. Но, после искуство во медицината од 30 години, сега сфаќам дека мојата најголема борба во мојата кариера не е против опасни болести, туку против опасни идеи.


Една од таквите опасни идеи е дека полот е независен од биологијата. Нам ни е кажано, а и вашите деца ќе бидат образувани во тој дух преку родово-сензитивното образование, дека полот (да се биде момче или девојче) не е определен од хромозомите или анатомијата, туку дека е определен од чувствата. Родовата сензитивност ќе ги учи децата дека тие се тоа што мислат дека се. И дека тоа е она што е важно - нивните мисли и чувства, а не нивната биологија и нивното физичко тело.


***


* Др. Мариам Гросман дипломира медицина на Универзитетот во Њујорк, а потоа стварува стаж од областа на педијатријата во болницата Бет Израел во Њујорк и завршува специјализантско стажирање по психијатрија, проследено со стипендија за детска и адолесцентна психијатрија во болницата North Shore-Cornell University Medical College. Во период од 12 години работи во Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) во студентските советодавни служби, каде речиси сите нејзини пациенти се студенти на возраст од 18-30 години. За нејзиното искуство од работата со студентите пишува книга, за потоа активно да пристапи кон систематско изучување на сеопфатното сексуалното образование (ССО), како започнало и што тоа претставува денес.


--------------------------


11 views0 comments

Σχόλια


bottom of page