top of page

Реакција на непрофесионалноста и необјективноста на МРТ1, Влатко Чаловски и Васко Попетрески: ПЛАТЕНА НОВИНАРСКА ПРОПАГАНДА




Кога Васко Попетрески и Влатко Чаловски од „360 степени“ на МРТ1 решија да ја ставаат во уста Коалицијата за заштита на децата и нејзините партнери, требаше најпрво да си измерат до каде можат да одат, за да не им се вратат нивните лаги, клевети и манипулации како бумеранг по чело. Но, не се покажаа доволно паметни за да направат таква пресметка, за што сме им длабоко благодарни, бидејќи само докажаа дека под „родова еднаквост“ не се подразбира рамноправност на мажите и жените, со што уште повеќе ја зацврстија позицијата на Коалицијата во очите на народот.


Влатко Чаловски, на 20-ти февруари снимаше интервју со Аргирета Атева која, како претставник на Коалицијата, детално ги образложи нашите ставови по однос на родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование. Тој тврдеше дека сака да се запознае со ставовите на Коалицијата и нејзините партнери, со цел да направи објективна сторија за двете страни. Наместо тоа, гледаме дека на Чаловски и Попетрески им зеде речиси 2 месеца за да најдат начин како оние одговори од Аргирета Атева, што воопшто не им одат во прилог, да ги вклопат во нивното платено сценарио. Не им одат во прилог, зашто Чаловски најпрво се залета со прашањето - „Зошто Коалицијата е против сексуално образование?“, но откако му беше објаснето дека не сме против сексуално образование, туку против идеологиите што Хера и Маргини ги наметнуваат во тоа нивно т.н сеопфатно сексуално образование, остана со отворена уста, незнаејќи што се случува, бидејќи тој на интервјуто се појави со однапред подготвено сценарио и желба да ја „фати“ Коалицијата. Повеќе детали за тоа има на интегралното парафразирано интервју, објавено на личниот профил на Аргирета Атева.


Што се однесува до емисијата „360 степени“, да ги разгледаме небулозите што Васко Попетрески и Влатко Чаловски ги изнесоа. На самиот почеток, Попетрески тврди дека се формираат здруженија „кои се раководени или во тесна врска со Црквата“, што е безочна лага, со оглед на тоа што Коалицијата од денот на формирањето се огради и јасно прецизира дека е надпартиска, надверска и надетничка организација. Што значи тоа? Тоа значи дека без разлика дали некој е симпатизер на ВМРО, СДСМ, ДУИ, дали е христијанин, муслиман или атеист, дали е Македонец, Албанец или припаѓа на некој друг етникум, секој е добредојден во Коалицијата, бидејќи ние имаме една единствена цел: заштита на сите деца од родовата идеологија. Следствено, се разбира дека ќе сораборуваме и со епископи од Православната Црква, и со оџи од ИВЗ, но и со атеисти, на кои им е важна објективната реалност.


Сакајќи да не` претстави како лошите вештери, Попетрески вели дека ние „вршиме притисок на локалните и централните власти“, а намерно избегнува да каже дека ЛГБТИ+ здруженијата се тие кои веќе со години вршат притисок врз властите, со тоа што формираа секакви ЛГБТ групи во парламентот и склучуваат меморандуми за соработка со министерствата, сеˋ со цел индоктирнација на нашите деца. Всушност, и самото изманипулирано излагање на Попетрески е притисок врз мозокот на граѓаните што го слушаат, за да им изврши промена на перцепцијата. Зашто, нели повеќепати повторена лага, станува вистина?!


Неспособноста да ги толкуваат законите и Уставот или намерното вадење од контекст, е уште една очебијна карактеристика на овие двајца „новинари“. Чаловски го потенцира членот 19 од Уставот, велејќи дека „верските авторитети не смеат да ги контролираат политичките и обратно“, со што самиот, условно кажано, се инкриминира. Коалицијата не е ниту некаков „верски авторитет“ ниту пак зависи од некој верски авторитет. Но, за волја на вистината, би сакале подетално да го погледнеме членот 19 од Уставот. Таму јасно стои дека се гарантира слободата на вероисповед, јавното изразување на верата, и дека верските заедници и религиозните групи се еднакви пред законот. Со други зборови, секоја верска заедница има право јавно да се спротистави на сето она, особено кога станува збор за закон врз кој и тие подлежат, што се коси со нивните верски верувања. Воедно, она што Чаловски не го кажува е тоа дека во Уставот не може да се најде зборот „род“ - ниту еднаш!


Чаловски имаше можност околу 2 часа да помине и разговара со Аргирета Атева како претставник на Коалицијата, но тој по некоја „случајност“ заборави да праша кога и како е формирана Коалицијата. Па, затоа, како новинар што е посветен на „истражувањето“, седнал пред компјутер и проверил кога е креирана Фејсбук страницата на Коалицијата и тоа го поврзал со „случајно или не, тоа е само 1 месец откако Владата ја донесе Стратегијата за родова еднаквост“. Очигледно, во Македонија журнализмот е во тешка декаденција, токму поради тоа што новинарството се сведува на платена пропаганда и не се вршат никакви независни обуки за објективност и истражување. Доколку Чаловски беше обучен да истражува, она што најпрво ќе го направеше е споредба на веб сајтот на Коалицијата со нашата Фејсбук страница. На веб сајтот имаше можност, ако сакаше да се помачи и да кликне уште неколку пати, да види дека првата вест е објавена, неслучајно, на 20. март 2022 год. Или, пак, ако ги провереше нашите неодамнешни објави на Фејсбук страницата, ќе можеше да види дека имаме постирано дека Коалицијата го славеше својот втор роденден.


Она што Чаловски го промаши како „сериозен“ новинар, а кое можеше многу лесно да го провери од снимката на Алфа ТВ, каде Аргирета Атева гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ цел месец пред да ја монтира неговата пропагандна сторија, е дека Коалицијата е формирана како резултат на тоа што во парламентот беа ставени на разгледување предлог-измените на Законот за матична евиденција, со кои ЛГБТИ+ организациите платени од Сорос се обидуваа да го легализираат родот и родовиот идентитет.


Потоа, Чаловски вели дека „во делот коалициони партнери се наведени и политички партии“, а во истиот момент оди кадар, каде јасно се гледа дека политичките партии се ставени во делот „Партиска поддршка“. Тој, како да е некакво злосторство, потенцира дека овие партии се „крајно десничарски“, небаре за да се даде некаков валидитет на каузата на Коалицијата, треба да не` поддржуваат крајно-левичарски партии. Всушност, она што самиот не ги сфаќа е дека направи доста добра реклама за овие партии, кои се залагаат за семејните вредности, што не се косат со науката.


Понатаму, предмет на истражување му е нашиот главен партнер Family Watch International и, повторно, како „сериозен“ и „објективен“ новинар, Чаловски ги наведува крајно-левичарските медиуми CNN и The Guardian како негови главни извори на информации, и намерно ги изопачува објавите или англискиот му е слаба страна. Насловот на CNN е "Activists link US nonprofit to anti-LGBTQ laws in Africa..." или во превод „Активистите поврзуваат непрофитна организација од САД со анти-ЛГБТК законите во Африка...“, а подолу пишува дека Светскиот конгрес на семејството можеби одиграло улога во рестрикцијата на ЛГБТ заедницата во Гана. На оние што доволно го познаваат македонскиот јазик, јасно им е дека зборот „можеби“ означува нешто што не е сигурно. Повторно, и во насловот на The Guardian, јасно стои дека обвинувањата против Family Watch International доаѓаат од страна на ЛГБТИ+ активисти.


Она што може со сигурност да заклучиме од новинарската етика на Чаловски е дека обвинувањата на ЛГБТИ+ активистите ги изедначува со непобитлив доказ, со судска пресуда и со догма.


Потоа, прави нарачан пропуст, каде вели дека проблемот на Коалицијата со Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 е зборот „род“ и додава дека „не постои посебен предмет за родовите“ во образованието. Но, притоа „заборава“ да каже дека самата таа стратегија, изготвена од Министерството за труд и социјална политика додека министер беше Јована Тренчевска, не се однесува само за мажите и жените, туку и на неодредениот број родови идентитети, а воедно со истата се воведуваат и „позитивни гледишта за родот и родовиот идентитет“ во образованието, односно во наставните програми, учебниците и дидактичките материјали за деца, почнувајќи од градинка.


Чаловски, понатаму, суптилно алудира дека тоа што Аргирета Атева го вели не е факт, туку дека факт се неговите демагогии дека во неколку училишта веќе се изучува сеопфатното сексуално образование и родителите не се пожалиле на тоа. Но, намерно или ненамерно, повторно избегнува да каже дека од вкупно 4 училишта, каде првично требаше да се спроведе ССО како пилот проект, на крај останаа само три. Го прашуваме Чаловски: дали тоа не значи дека сепак имало жалење и побуна од родителите, чии деца учат во училиштето што се повлече, имено основното училиште „Лирија“ од Чаир, и зошто сето тоа не го истражил?


Да ги потсетиме Чаловски и неговиот надреден, Попетрески, дека тековниот закон гласи Закон за еднакви можности на мажите и жените, а не Закон за родова еднаквост, така што секоја една општина што локалната стратегија ја (пре)именува во Стратегија за еднакви можности на мажите и жените, постапува согласно законот и Уставот. Нешто што Љубинка Ајтовска, портпаролот на Општина Кочани, го негира, со што само докажува некомпетентност и непознавање на тековниот Закон за еднакви можности на мажите и жените. Ајтовска, воедно, треба да знае дека коментари во кои народот, поточно над 3000 кочанчани, искажуваат несогласување со нејзините ставови, не се и не може да бидат „говор на омраза“. Доколку не е подготвена да се носи со функцијата на јавно лице и доколку одбива да ги послуша граѓаните на кои треба да им служи и кои ја поставиле на тоа место, тогаш најдобра препорака е таа улога да ја препушти на некој друг, способен да ја врши функција што и` е дадена.


Во моментот кога зборува Чаловски за наводна дискриминација на советниците од општините, манипулативно ја вметнува изјавата на Аргирета Атева, која беше дадена како одговор на тврдењето на родовите организациите дека Коалицијата ја дискриминира ЛГБТИ+ заедницата. Ваквото менување на контекст, дополнително докажува дека станува збор за скроена агенда, а воопшто не станува збор за објективно и етичко новинарство.


И алелуја, Чаловски откри нешто што е јавно достапна информација за сите - дека Фондацијата Елеуса е организација под управа на Православната Црква за помагање на оние кои се немоќни и кои се во немаштија.


Уште еднаш, голема благодарност до Чаловски и Попетрески што со нивната сторија појаснија дека под „родова еднаквост“ не се подразбира рамноправност на мажите и жените, туку вклучување на голем број новоизмислени родови идентитети. Тоа го потврдија со исказот на Ирена Цветковиќ од Маргини, која цело време зборува за т.н. трансродови лица, како и со исказот на Роман Кухар, професор по социологија на Универзитетот во Љубљана, кој беше доста јасен: „Секој треба да има еднакви права и можности, без разлика дали станува збор за маж, за жена или како било поинаку да се идентификува“. Патем, Чаловски најверојатно сметаше дека ако вметне некое незвучно странско име во неговата сторија, тоа ќе му даде поголем кредибилитет на неговите анти-полови политики. Всушност, она што го постигна е понижување на нашите социолози, небаре немаме способни лица за да му ги одговорат тие прашање. А можеби и не може да најде социолог во Македонија, кој би се согласил да го одглуми неговото сценарио.


За крај, еден сериозен новинар не смее да си дозволи контрадикторност во исказите, како Чаловски. Од една страна вели дека државите членки на ЕУ, кои не ја прифаќаат Истанбулската конвенција, „сакале или нејќеле“, мора да ја применуваат, а веднаш потоа вели дека Македонија има избор дали ќе го следи примерот на „мнозинството членки на ЕУ“ или „примерот на Турција, Азербејџан и дел од африканските земји“, со што јасно кажува дека сепак има такви земји, кои се спротиставија на Истанбулската конвенција. Ќе го дополниме она што тој пропушти да го каже: Турција, иако конвенцијата со самото нејзино име кажува дека има длабока врска со Истанбул, сепак пред неколку години се повлече од Истанбулската конвенција. Исто така, постојат и други држави, како што е Бугарија, која е дел од ЕУ, каде во 2021 г. Уставниот суд одлучи дека Истанбулската конвенција е неуставна. Унгарија, пак, воопшто ја нема ратификувано конвенцијата, а во 2020 год. има донесено забрана за легално менување на полот.


Навистина ни е жал што конкретните новинари не успеале да си ја завршат професионално и етички нивната домашна задача, па затоа мора да интервенираме ние со исправки и дополнувања, и да демонстрираме што е истражувачко и објективно новинарство.





Comments


bottom of page