top of page

ЕКСКЛУЗИВНО: РАЗОБЛИЧЕНИ ЛАГИТЕ НА МИНИСТЕРОТ ТРЕНЧЕВСКА

Предлог-законот за родова еднаквост, кој беше жешка тема на дебата и предизвика бурни реакции помеѓу народот во Македонија, особено кај оние кои се барем малку запознати со родовата идеологија, е закон кој е дело на министерот за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Министерот Тренчевска, во соработка со родовите активисти од одредени невладини организации платени од странски моќници, а под плаштот на „права на жените“ се обиде да протурка закон кој јавно беше разобличен и преку детална професионална анализа се покажа неговото вистинско значење, импликациите и последиците по секој еден поединец на ова тло.


Доколку треба накратко да се сумираат проблемите што ги отвара и предизвикува овој предлог- закон, тоа би било во три точки:


1. Предлог-законот лажно се претставува како закон за заштита на женските права. Лажно, затоа што тој всушност го наметнува родот како поим и критериум, којшто пак им овозможува на одредени мажи кои се самоидентификуваат како жени да влезат во категоријата на жени и со тоа да се стекнат со правата што се ексклузивно наменети само за жените;


2. Предлог-законот предвидува формирање на Секретаријат кој ќе биде врховно тело по моќ, со сила да казнува доколку некој не се придржува до родовите правила и ќе има ингиренции над сите министерства, сите приватни правни субјекти и секој еден поединец во државата. Секретаријатот е ултимативен орган, кој тоталитаристички ќе има власт да пали и гаси и да го покоси секој оној којшто нема да се согласи дека маж може да стане жена бидејќи така се самоидентификува;


3. Овој закон, покрај физичките субјекти во полна возраст, ги опфаќа и децата. Без разлика на тоа што поради револтот на народот самата дефиниција дека се однесува и на децата беше отстранета од втората верзија на законот кој, патем, ден денеска не е прикачен на ЕНЕР, останува фактот дека и без таа дефиниција, законот јасно и недвосмислено ги таргетира и најмалите, бидејќи Секретаријатот, како надмоќно тело, ќе има сила да го контролира и насочува и Министерството за образование и наука, како и сите останати министерства и да влијае врз донесување на закони кои се однесуваат на семејството и децата.


Министерот Тренчевска сето ова категорично го негираше и го манипулираше народот со збунувачки аргументи дека е направено мешање на два различни закони, дека овој закон нема никаква врска со „родовиот идентитет“ и неговото признавање и дека истиот е потребен за да ги унапреди механизмите за спроведување на „родовата еднаквост“. За каква „родова еднаквост“ станува збор, не знаеше ниту самата Тренчевска да одговори, затоа што не можеше да каже дефиниција за жена. Ниту пак одговори што е проблемот со „механизмите“. Дали тоа значи дека некој не си ја врши својата работа како што треба и зошто ако само еден дел од тековниот Закон за еднакви можности на мажите и жените т.е. механизмите се слабост, мора да се менува целиот закон од корен и од Закон за еднакви можности на мажите и жените, да се преименува во Закон за родова еднаквост? Зошто маж и жена се заменува со род? На тоа одговор ќе ни даде Националната стратегија за родова еднаквост 2021-2026.


Но, пред да пристапиме кон анализата на Националната стратегија за родова еднаквост, најпрво да погледнеме интервју со министерот Тренчевска, каде отворено се кажува дека под „родова еднаквост“ не се мисли само на мажите и жените и воедно суптилно се наговестува дека следна „работна акција“ на Министерот и граѓанските здруженија (ЛГБТИ+ организации) е да легализираат хомосексуален брак, со веќе познатиот наратив дека „никој не треба да биде дискриминиран“ и тоа е „човеково право“.



Погоре спомнатата Национална стратегија за родова еднаквост 2021-2026 веќе има предвидено и мерки за хомосексуалните „бракови“ и како тие ќе се репродуцираат, стр. 43 и 71:


Пред да продолжиме со разгледување на Стратегијата, потребно е да направиме краток осврт на дефиницијата за „родов идентитет“, а за тоа ќе се послужиме со она што го пишува во предлог-Законот за родова еднаквост:


Дефиниции, член 4, точка 4:
„Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот род што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото тело и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.

За да се сфати оваа дефиниција подобро, ќе дадеме пластичен пример: Зоран, иако реалноста и природата на неговото тело покажува дека е машко, можеби внатрешно се доживува себеси како жена, така што сака да носи фустани и високи потпетици и да се шминка, името го сменил во Зорица, себеси се смета за жена и бара од сите останати да го третираат како жена. Бизарно колку лесно се станува жена, зарем не?


Сега ќе прејдеме на она што го пишува во самата Национална стратегија, која наводно треба да „овозможи еднаква видливост на жените и мажите“. На стр. 22 во делот за Интерсекционалноста како начело, јасно се кажува за кои жени се однесува оваа стратегија:



Покрај класичните жени какви што ги знаеме, без разлика дали живеат во град или село, дали имаат некоја попреченост или не, дали се млади или пензионерки, дали се Ромки или Македонки, дали преживеале насилство или не, има и еден нов вид жени, кои се вметнати во оваа стратегија. Имено, под „жени со различен родов идентитет“ се мисли на лица чиј „родов идентитет“ не се совпаѓа со нивниот пол, односно мажи кои се самоидентификуваат како жени. Значи, и мажите, со своите биолошки карактеристики од машки пол, можат да станат жени и овој закон и стратегија ги третира како такви.


На стр. 83 под Специфична цел 2.5: Еднаков пристап до здравствена заштита за сите жени е наведено следново:



Повторно и тука јасно е наведено дека постојат и „жени“ со различен родов идентитет, а тоа се мажи коишто себеси се доживуваат како жени.


Под Општа цел 3. на стр. 89 стои дека оваа стратегија е насочена кон сузбивање на „родовите стереотипи“ врз основа на „родов идентитет“. Уште еднаш јасно е наведено дека и мажите можат да бидат жени и дека верувањето дека жената мора да има женски гениталии и репродуктивен систем кој е со предиспозиција да раѓа, е „родов стереотип“.



Со оглед на тоа што сега е веќе јасно дека под категоријата „жени“ се подразбираат и оние мажи кои себеси се сметаат за жени, од шаблонот подолу (93 стр.) може да се воочи дека оваа Национална стратегија и предлог-Законот за родова еднаквост воопшто не се документи со кои се заштитуваат правата на жените, туку напротив, истите се нарушуваат и сосема одземаат, а жените стануваат потенцијални жртви на насилство од „жени“ со пениси.



Ваквото мешање на „родови идентитети“ продолжува и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027. На стр. 25 јасно е наведено дека „родовата еднаквост“ се унапредува со „поддршка и промоција на проекти, дела и настани, кои ги промовираат родовата еднаквост, толеранцијата и прифаќањето на различните родови идентитети“.



Оваа конкретна мерка е насочена кон културата, зашто културата, како што е наведено во самата Стратегија, е клучна во „градењето вредности во општеството“. Што значи тоа, видовме од неодамнешниот настап на изведувачот Божо Вреќо. Маж, облечен во свечена женска тоалета, со високи потпетици и нашминкан се новите вредности кои токму „родовата еднаквост“ ги наметнува преку културата и уметноста. И финансискиот товар на ваквата „култура“ треба да падне на товар на граѓаните, бидејќи според оваа Стратегија, се задолжува Министерството за култура да финансира настани во јавни установи што се „фокусираат на родот и на родовите идентитети“ (35 стр.).



На стр. 36, Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 предвидува сузбивање на родовите стереотипи и промовирање на еднаквост помеѓу мажите, жените и сите „родови идентитети“. А колку „родови идентитети“ постојат, тоа министерот Тренчевска сè уште го нема јавно обелоденето. Всушност, како и сè останато до сега!



Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 е објавена во Службен весник на 28. јули 2022 година. За време на дебатите со министитерот Тренчевска, од кои највпечатлива беше онаа во Струмица на почетокот на јуни 2023 год., значи речиси цела година по објавата на Стратегијата во Службен весник, Тренчевска имаше доволно дрскост за да се појави пред народот и епископот Јаков Стобиски и без ни малку совест безочно да ги лаже сите гледајќи ги во очи.


Со ова целосно се разобличени лагите на министерот Тренчевска и јавно ја повикуваме да си даде доброволно оставка, ефективна веднаш! За да не се избламира уште повеќе.


Comments


bottom of page