Подолу следи говорот и визуелната презентација која Годана Гоџо, во името на Коалицијата за заштита на децата, ја сподели со публиката за време на трибината „Зошто не за сексуалното образование во училиштата“ што се оддржа на 17.03.2023 г. во Струмица, а во организација на нашиот партнер Фондацијата Елеуса.
Зошто НЕ за „сеопфатното сексуално образование“ во училиштата?
Најпрво, од името на Коалицијата за заштита на децата би сакала да упатам едно големо благодарам до Фондацијата Елеуса и владиката Јаков Стобиски за поканата да бидеме дел од оваа трибина. Тоа навистина ни значи и се надеваме дека преку овој краток говор, ќе успееме да разјасниме неколку работи кои на многумина можеби и не им се познати.
Пред повеќе од 2 години на оваа тема започнаа да зборуваат неколку групи и здруженија – Од нас за нас, Преземи Одговорност и Да го зачуваме семејството и бракот, а потоа кога се формира Коалицијата, продолживме секојдневно и неуморно да работиме заедно за да ја поддигнеме свеста кај родителите и да ги информираме зошто толку се настојува да се воведе „сеопфатното сексуално образование“ во училиштата.
Нема да заобиколувам многу, па затоа ќе кажам директно: „сеопфатното сексуално образование“ е една од главните алатки за воведување на родовата идеологија и рушењето на нашите општествени норми. Под родова идеологија се подразбира идеолошко учење според кое нема веќе само два пола - машки (маж) и женски (жена), туку постојат безброј родови/полови и секој, дури и 3-4 годишнo дете, може да избере што сака да биде. Истата низ светот е распространувана од ЛГБТИ+ активистите со поддршка на владините институции. (за оние кои не знаат, ЛГБТИ+ е скратеница за лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, интерполови и сите останати неодредени родови и сексуални ориентации).
Така, доколку еден маж со брада, нашминкан, облечен во фустан и со високи потпетици се декларира или самоидентификува како жена, секој треба да прифати дека тој навистина е жена и да му се обраќа во женски род.
Исто така, според оваа идеологија, родот т.е. полот е флуиден и може постојано да се менува, така што некој може да избере наутро дека е жена, напладне маж, а навечер – ниту маж ниту жена.
Самата оваа идеологија е контрадикторна и секое тврдење родовите активисти го побиваат со следното нивно тврдење. На пример:
- од една страна велат дека трансродовоста е избор, а од друга дека не е избор, туку е вродена;
- од една страна велат дека родот и полот не се исто, а од друга - бараат закони за легална промена на полот во личните документи, со што го изедначуваат родот и полот;
- од една страна велат дека родот е флуиден и може постојано да се менува, а од друга страна бараат малолетните деца да можат да прават пластични операции за промена на изгледот на гениталииите и отсекување на градите, кои имаат трајни последици итн.
Со „сеопфатното сексуално образование“ оваа идеологија се воведува преку компонентата „РОД“, односно преку родово-сензитивните содржини, а тие содржини активистите сакаат да го воведат уште од најрана возраст, односно индоктринацијата да започне од децата во градинките.
Активистите што се залагаат за воведување на сеопфатното сексуално образование во училиштата, наведуваат неколку аргументи за потребата од истото: отстранување на стереотипите во општеството и „родова еднаквост“, намалување на бројот на абортуси, намалување на бројот на заболени од сексуално преносливи болести и намалување на булингот и насилството меѓу учениците. Овие аргументи навидум се навистина благородни и секој треба да се залага за истите, но во суштина она што се промовира преку ССО е сосема контрадикторно лекарство за наведените проблеми.
а) Отстранување на стереотипите од општеството и „родова еднаквост“ - иако овие организации не знаат да дефинираат што е тоа жена и женски пол, тие сепак тврдат дека се залагаат за женските права. Така, за нив стереотип е и сфаќањето дека само мажите имаат пенис, па затоа на неодамнешниот осмомартовски марш во Скопје можевме да видиме транспаренти на кои пишуваше дека „не си феминист ако не ги вклучуваш транс-жените“ т.е. мажите што се идентификуваат како жени и имаа нацртано „жена“ со пенис. Токму затоа се залагаат за „родова еднаквост“, а не за ПОЛОВА РАМНОПРАВНОСТ. Според нив, шминката, женските фустани и високите потпетици не се повеќе само за жени.
б & в) Намалување на бројот на абортуси и бројот на заболени од сексуално преносливи болести - во сеопфатното сексуално образование се зборува дека во првиот сексуален однос децата можат да се впуштат кога ќе се чувствуваат подготвени. Според кажаното од овие организации, ако дете од 9 или 10 години се чувствува подготвено (или го убедат дека е подготвено), може да стапи во сексуален однос и тоа воопшто не е никаков проблем. Во материјалите што досега ги имаме разгледано се зборува за анален, орален, групен, хомосексуален секс и дека оние што се сексуално активни треба да користат презерватив и да се тестираат за сексуално преносливи болести, а речиси и да нема ништо околу препораката да се апстинира од сексуални активности. Тука се запрашуваме: зошто би имало потреба некој да се тестира за болести, ако се наоѓа во сериозна моногамна врска? Очигледно, станува збор за пропагирање на промискуитет.
За љубовта во сексуалните односи што се опишани во овие материјали, пак, и да не зборуваме... зашто едноставно како да ја нема. Од прирачникот за наставници од 2014 г во издание на Хера, организацијата што е главниот носител на проектот „воведување ССО во училиштата“, од вкупно 200 страници, само 2 се површно посветени на љубовта.
г) Последниот аргумент околу булингот и насилството е најмалку поврзан со сексуалното образование, а повеќе поврзан со етиката и моралот. Статистички, голем процент од оние кои вршат булинг во училиште имаат психички и бихејвиористички нарушувања кои треба да се третираат од страна на психолог или психијатар, а не на час по ССО.
Покрај родовата идеологија, со „сеопфатното сексуално образование“ се врши и експлицитна сексуализација на децата. Коалицијата постојано нагласува – доколку сакаме да видиме до каде води ова „сеопфатно сексуално“ и „родово сензитивно образование“, треба само да погледнеме што се случува во попрогресивните земји, какви што се Америка, Канада, Англија, Австралија и земјите од Западна Европа, каде истото е воведено уште пред повеќе од 10-тина години.
Програмите за ССО за основа ги имаат експериментите врз деца што ги вршеле озлогласени сексолози, како што е Кинси, кој дошол до заклучок дека 4 годишните деца можат да доживеат дури 26 оргазми во еден ден. Како дошол до тој заклучок, е страшно и да се изговори, но затоа на Хера, кои го спроведуваат сеопфатното сексуално образование во училиштата, не им пречи да го промовираат во својот прирачник за ССО како еминентен доктор.
Затоа и Светската здравствена организација во своите прирачници, а на кои Хера се повикува, ќе речат дека дете од 0 (бебе) до 4 годишна возраст веќе треба да има познавање од мастурбацијата и родовиот идентитет.
Кои се последиците од воведување на родовата идеологија и сексуализирање на децата преку ССО? Повторно ќе ги земеме прогресивните земји за пример. Денеска во Америка голем број млади не знаат што е маж, а што жена; бегање од биолошката реалност е нездраво однесување и се одразува врз психофизичкиот развој на децата, така во Австралија има деца кои се идентификуваат како диви мачки, лисици и други животни; а низ училишните библиотеки ширум Америка на децата им се нудат експлицитни порнографски книги во кои се опишува хомосексуален, групен, анален, орален секс, како и крајната цел кон што води сето ова сексуално „едуцирање“ на децата од најмала возраст – педофилски сексуални врски.
Имајте во предвид дека и во овие прогресивни земји сета индоктринација започна со невини пароли за спас од абортуси и насилство, а стигна до таму што без знаење на родителите, на децата преку дигитализираните „учебници“ и материјали им се сугерира дека секаков промискуитет и операции за да го променат својот полов изглед се нормални и пожелни. Но, родителите во Америка веќе се разбудија и постојано протестираат, поради што во изминатите неколку месеци во повеќе сојузни држави донесоа закони со кои се забранува и кривично казнува доколку некој им проповеда за овие работи на малолетници.
Пораката на Коалицијата за заштита на децата е: здраворазумните возрасни, особено родителите, имаат должност да ги заштитат децата од оваа идеологија. Да не чекаме да видиме дали децата ќе бидат повредени и да се увериме, туку да се поучиме од примерот на државите кои веќе го поминале тоа и да реагираме. Родителите се главната движечка сила во таа борба.
Упатуваме апел до родителите: Родители, ангажирајте се во Советите на родители, во Училишните одбори, и проверете дали училиштето го усвоило Упатството за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување издадено од МОН на 6.7.2020 година?
Во него воочливо е користење на зборовите: ЛГБТ маргинализирана заедница, род, родов идентитет, родово-базирано насилство, хомофобија, трансфобија. Во формуларот, пак, кој треба да го пополнува училишниот кадар при пријавување на насилство, не се бара неговиот пол, туку неговиот РОД. А понудени опции за неговиот род се: машки, женски, транс и друго.
Како почетна реакција нека биде, сите оние кои немаат слушнато и ја немаат потпишано, нека ја потпишат нашата петиција за заштита на децата од т.н. „сеопфатно сексуално образование“, што може да ја најдете на следниов ЛИНК.
Коалицијата за заштита на децата може да ја следите или да ја контактирате на следниве платформи:
За визуелната презентација беа селектирани најпристојните фотографии, доколку навистина сакате да го видите вистинското лице на родовата идеологија, ви препорачувам да ја посетите Фејсбук страницата Преземи Одговорност.
За крај, од името на Коалицијата сакам уште еднаш да им се заблагодарам на многупочитуваниот епископ Јаков Стобиски и Фондацијата Елеуса за поканата на оваа трибина и би сакала презентацијата да ја завршам со еден инсерт од комичната серија Монти Пајтон снимен пред повеќе од 40 години, кој во тоа време беше научна фантастика, а денеска е реалност. (видеото може да го погледнете подолу)
Comments