top of page

ПОТВРДЕНО - ИНСТИТУЦИИТЕ НИ СЕ ПОД ЗАЛОЖНИШТВО НА АКТИВИСТИТЕ


Пред само неколку дена, епископот Јаков Стобиски во неговот одговор до министерката за труд и социјална политика Тренчевска, а во врска со тенденциозната објава на веб сајтот на Министерството, забележа дека објавата е пишувана од активист.


Денеска, на утринската програма на МРТ1 повторно, но овојпат и отворено се потврди неговата поента изнесена на трибината минатиот петок – дека институциите ни се под заложништво на активисти. Гостинот во емисијата, Санела Шкријељ, пратеник на СДСМ и (поранешен) заменик министер за труд и социјална политика, јасно и гласно се изјасни дека себеси се дефинира како активистка, а тоа подразбира дека не го застапува мислењето на мнозинството од народот, од кој е платена.

Санела, како што сите можеме да видиме, е жена (освен ако самата не се идентификува како нешто друго), која од позиција на власт и моќ т.е. пратеник на СДСМ и (поранешен) заменик министер (поставена од Мила Царовска), тврди дека жените се обесправени во Македонија. Тука имам едно клучно прашање: ако жените се обесправени во однос на мажите, како таа стигнала до позицијата на која се наоѓа? Со заложби на странските финансиери што го спонзорираат нејзиниот активизам или со некој нејзин посебен вид на труд, кој другите жени како мене не го вложуваат?


Во својот говор, таа го фали и возвеличува новиот Закон за „родова еднаквост“, иако вели дека веќе постоел таков закон уште од 2006 година. Новиот закон бил под директива на ЕУ и со него ќе дојде до јакнење на институционалните механизми и структури, вели таа, и ќе се отворел Секретаријат за родова еднаквост, кој ќе наложува 50% на изборните листи за пратеници и советници да бидат жени. Повторно прашање: а каде се тука квалификациите? Зарем нашите институции ќе се сведат на избор на лица за високи позициии врз основа на пол или род, а не според тоа кој колкави способности и квалификации има? Дали народот навистина би сакал државата да ја води Румена, само затоа што е жена, иако Никола е далеку поспособен? Кој ќе го одлучува тоа? Вие во името на народот? И ако 50% се мажи, а 50% жени, што правиме со останатите неопфатени, што се идентификуваат како небинарни, ниту мажи ниту жени?


Потоа, Санела сака да ги објасни разликите помеѓу род и пол, меѓутоа се користи со типична демагогија и почнува да дава примери што се тоа родови улоги, а не род,. Ни кажува дека жените не требале да бидат доминантно одговорни за готвењето и пеглањето, но очигледно не сфаќа дека со тоа бесрамно навлегува во интимата и личните одлуки на семејствата. Дали жената или мажот ќе биде тој што ќе готви и пегла се прашања кои треба да ги одлучат тие двајца како тим во заедница, а не пратениците со нивните идеолошки препораки да се мешаат во туѓи семејства. Друго прашање тука: како ќе го регулирате и со кои закони тоа кој ќе готви и кој ќе пегла? (Звучи како прашање од Монти Пајтон, нели? Тоа е вистинското лице на таа „родова еднаквост“.)


Погоре реков дека тенденциозно Санела заобиколи да даде пример што е тоа род. Затоа, еве јас се потрудив и најдов една јасна дефиниција од ЛГБТ брошурата на Хера, матичната невладина на Мила Царовска, нејзината соактивистка:


Родовиот идентитет се однесува на личното чувство, на сопственото доживување како маж, жена, ниту едното или и двете. Луѓето кај кои личното чувство за родот не се совпаѓа со полот назначен при раѓањето се трансродови. Некои од трансродовите луѓе сакаат медицински да го приспособат својот пол со помош на хормонска терапија и/или хируршки зафати. Медицинското приспособување на родот не е својствено за сите трансродови луѓе, некои сакаат само делумна физичка трансформација или само промена на личните документи.

Да објаснам со поедноставни зборови што се вели во нивната дефиниција: значи, маж којшто се декларира како жена, без да направи некакви физички промени, само со тоа што ќе си го промени полот во личните документи (тука гледаме зошто има потреба од модифицирање на Законот за матична евиденција), навистина станува жена.


Е, сега да се навратиме на оние спомнати 50% жени од погоре со кои ќе се занимавал планираниот Секретаријат за родова еднаквост. Ако сите заинтересирани мажи за позициите објавени од Секретаријатот го променат својот пол во документите од машки во женски, ќе мора да бидат примени на тие функции како жени, нели? Прашувам за невработен пријател...


Улогата и ефикасноста на ваквите Секретаријати ни е веќе позната од искуството на земјите во кои се спроведени истите „механизми за родова еднаквост“, како што тоа е во Америка. Таму, сè уште е актуелна приказната за Сем Бринтон, советникот за енергетика поставен од владата на Џо Бајден, токму за пополнување на квотата за „родова еднаквост“. Покрај неговите садомазохистички и други фетиши, Бринтон се прослави и по тоа што јавно со видео снимки се обелодени дека е клептоман и беше уапсен. Човекот си сака да си поткраднува куфери од аеродроми, исклучиво такви со женска гардероба, ама изгледа заборава кое парче облека му е купено, а кое собрано од аеродром, па затоа јавно позира и се слика и со оние украдените. Па, една модна креаторка од Африка неодамна успеа да си ги најде уникатните креации што ги изработила и некако исчезнале... ги најде облечени на Сем Бринтон, фотографиран со нив.




Comments


bottom of page