Откако Метју Греч (33) христијански работник, кој се оддалечи од хомосексуалноста и поверува во Христос, го сподели своето сведоштво во радио емисија, властите на Малта му се заканија со затвор и висока парична казна, за наводно прекршување на законот во неговата земја, за забрана на „преобраќање“ на ЛГБТИ+ практики.
Пораката на Греч е едноставна: пред една деценија, тој поверувал во Христос, сфатил дека сексуалните односи надвор од брак се грев и избрал да се откаже од хомосексуалниот живот, што го живеел. Но сега, само затоа што споделува дека хомосексуалниот живот може да се напушти, му се заканува затворска казна до 5 месеци и/или парична казна од 5.000 евра.
Греч е само еден од големиот број поранешни хомосексуалци и трансродови мажи и жени, кои се соочуваат со зголемено противење од медиумите и владата и цензура на слободниот говор, како и малтретирање и булинг од страна на ЛГБТИ+ заедницата, кога сакаат јавно да ги раскажат нивните сведоштва за променет живот.
Христијанскиот Центар за легални прашања од Лондон, кој работи во одбрана на Греч, вели дека
„она што се случува во Малта по однос на овие прашања е од меѓународно значење, бидејќи Малта стана првата земја во Европската унија што го забрани она што ЛГБТ лобистите го опишуваа како „конверзиона терапија“ во 2016 година.
Следеше верижен ефект и кај другите нации, како што се Обединетото Кралство и Австралија, користејќи го оригиналното малтешко законодавство како основа за слични забрани.
Меѓутоа, ЛГБТ лобито има потешкотии да дефинира што претставува наметнатиот термин „конверзиона терапија“. Не се дадени докази за да се оправдаат забраните, но наместо тоа, агресивната кампања е насочена кон криминализирање на христијанските верувања за човечката сексуалност и замолчување на секоја опозиција.
Пред судењето, г-дин Греч, кој вели дека бил шокиран кога полицијата го повикала од ведро небо да го испраша, рече: „Секој кој се грижи за слободата на говорот треба да биде вознемирен од она што ми се случува. Ако ми се случува мене на Малта, ве уверувам дека наскоро ќе се случи и во Обединетото Кралство, како и во другите земји низ светот“, - пренесува LifeSite.
Comments