top of page

ПОДДРШКА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ДРЖАВНА РЕФУНДАЦИЈА НА БЕБЕШКИ ПЕЛЕНИ ЗА САМОХРАНИ И НОВИ РОДИТЕЛИ


Минатиот месец, на покана на здружението Хуманитарни акции.мк т.е. Коалиција Заедно сме посилни, Коалицијата за заштита на децата даде поддршка на иницијативата за државна рефундација на бебешки пелени за самохрани и нови родители од социјално ранлива категорија.


Коалицијата се надева дека Власта и Националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси Владимир Ѓорчев ќе имаат слух за оваа иницијатива и ќе им излезат во пресрет на родителите кои се наоѓаат во незавидна положба, со цел зголемување на наталитетот во Македонија, кој моментално е во рапидно опаѓање.




Comments


bottom of page