top of page

ПОБЕДА! МАКЕДОНЦИТЕ ОБЕДИНЕТО СЕ СПРОТИВСТАВИЈА НА РАДИКАЛНАТА РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА

Успехот на Коалицијата да го спречи предлог-законот со кој на секој поединец ќе му се дозволи да го „смени“ својот пол во официјалните документи, беше споделен и од нашиот главен партнер - Family Watch International, кој безрезервно испраќа поддршка до народот во Македонија во борбата против индоктринација на децата. Проследете ја нивната објава подолу.



Пред две години, македонското Министерство за образование објави нов закон за „борба против насилството“ и „промовирање на еднаквоста“ во образованието. Она што тогаш не му беше познато на македонскиот народ, е дека вистинската цел на реформите беше да се обезвреднат родителите и да се имплементира радикалната родова идеологија во државните училишта. Поради ограниченото разбирање на задните намери сокриени во содржината на овој закон од страна на народот, истиот помина без отпор.


Набргу по донесување на законот, мала група Македонци станаа свесни за овие случувања и се мобилизираа да го заштитат правото на родителите да ги насочуваат своите деца, кога се во прашање чувствителните теми, како и да ги заштитат од родовата идеологија.


За жал, ЛГБТИК+ агендата не запре со новиот закон за образование. Минатата година беше предложен и предлог-закон, со кој би им се дозволило на поединци да ја преправат ознаката на нивниот „пол“ на документи, како што се извод од матичната книга на родените, возачка дозвола и пасош. Според овој предлог-закон, секој поединец, без предуслови, би можел да го смени својот „пол“ означен во формалните документи, за тој да одговара на „родовиот идентитет“ што поединецот го претпочита.


Иако исклучително контроверзен, новиот предлог-закон не доби никаква медиумско популарност, а малкумина Македонци знаеја за неговата опасна содржина. Сепак, пред неколку недели, некои портали објавија дека пратениците наскоро ќе гласаат за нацрт-законот, користејќи забрзана процедура, со цел да се обезбеди брзо усвојување.


Тоа доведе до кулминација. Македонскиот народ знаеше дека треба да преземе подрастични чекори за заштита на културата и вредностите, кои им се многу битни. Потребна беше борба против родовата идеологија што им ја наметнуваат аутсајдери, кои не ги почитуваат нивните суверени права да ги заштитат своите семејства.


Во чудесна серија настани, неколку истомисленички организации, кои се борат против родовата идеологија во земјата, стапија во комуникација и формираа Коалиција. Оваа мала група зеде залет како шумски пожар. Тие брзо создадоа вирална кампања на социјалните мрежи, спротивставувајќи се на законот и мобилизираа многу родители. Коалицијата, исто така, испрати и детално писмо до пратениците за опасните последици од овој закон, кое беше потпишано од сите коалициони партнери. За само неколку дена, пратениците беа преплавени со пораки против предлог-законот.


После цели два дена телефонски разговори, контакти и средби, беше објавено дека предлог-законот се повлекува. Коалицијата ја доживеа својата прва победа!


Од Family Watch бевме многу охрабрени кога дознавме дека Македонците, без наше знаење, ја нашле нашата веб-страница StopCSE.org и искористеле голем дел од нашите материјали при креирање и поткрепа на нивната кампања. Возбудени сме што нашите материјали беа искористени за заштита на децата во Македонија. Се разбира, ништо не може да сопре група загрижени родители, штом еднаш се мобилизираат и започнат борба за заштита на нивните деца и семејства.


Иако има доста добри вести, во исто време, за жал, мора да споделиме дека овие храбри мажи и жени, кои стојат во одбрана на своите деца и семејства, неодамна беа тужени од локалната членка на Planned Parenthood за „дефамација“ т.е. за клевета и навреда. Дополнително ќе ве информираме за понатамошниот развој на настаните.


Мора да застанеме зад народот во Македонија и членовите на македонската Коалиција за заштита на децата, кои го ставаат на коцка својот личен углед и егзистенција, за да ги спасат своите деца и семејства.


Им благодариме на нашите големи партнери за нивната храброст и се обврзуваме да го поддржиме народот во Македонија, во нивната исклучително важна борба, која ја почнаа со цел заштита на семејството.


1,113 views0 comments

Comments


bottom of page