top of page

ОН ПОТВРДУВА: ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА СЕ ОБЕСПРАВЕНИ ВО СПОРТОТ ОД МАЖИ КОИ СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ КАКО ЖЕНИ


Извештај на Обединетите Нации (ОН) потврдува дека преку 600 девојки и жени изгубиле речиси 900 спортските титули, поради тоа што мажи кои се идентификуваат како жени се натпреваруваат во женска категорија и им ги одземаат можностите.


Извештајот беше изготвен од Рим Алсалем, специјален известувач за ОН, и насловен како "Насилство против жените и девојчињата во спортот".


"Замената на женската категорија во спортот со категорија од мешан пол резултираше со зголемен број на спортистки кои ги губат можностите, вклучително и медалите, кога се натпреваруваат против мажи“, се вели во извештајот.


Вклучувањето на мажи во женска категорија води и до самоисклучување на девојчињата и жените од натпреварување поради страв од повреди или од религиски причини, кои не им дозволуваат мешање со спротивниот пол во тоалети, бањи и пресоблекувални. Понатаму, во извештајот се посочуваат значајните физички разлики меѓу мажите и жените, како и предноста што ја имаат мажите што, исто така, води до нефер натпревар кога мажите се вклучени во женска категорија.


Ова е еден од ретките извештаи на ОН, во кој се прави стриктна поделба по пол и се презентираат недвосмислени факти.



 


Fox News: Biological females have lost nearly 900 medals to trans athletes: UN report


Comments


bottom of page