Државниот курикулум во Њу Џерси ги упатува децата да гледаат клипчиња на платформата Амејз, во кои се нормализира порнографијата и децата се охрабруваат да гледаат порнографски видеа.
Амејз тврди дека нуди сексуално образование кое е "медицински точно, соодветно за возраста, афирмирачко и искрено".
На својата Фејсбук страна, сенаторот на Њу Џерси, Холи Шеписи, напиша дека го разгледала курикулумот за сексуално образование и увидела дека Њу Џерси "сосема го загубил разумот", бидејќи некои видеа "непотребно ги сексуализираат децата" дури од 9 годишна возраст и е вчудоневидена што ги упатуваат да гледаат видеа на Амејз.
Погледнете едно од видеата што им се пуштаат на 9 годишни деца од оние кои некогаш и во Америка тврдеа дека "ССО ќе биде само за погорните класови".
Апдејт 17-ти септември 2022:
После цели 5 месеци, забележавме дека YouTube ни го има отстрането видеото од нашиот канал, со образложение дека сме ги сексуализирале малолетниците. Се разбира, поднесовме жалба против таа одлука, со оглед на тоа што видеото беше ставено како пример дека децата се сексуализираат на училиште и дека ние сме против тоа, со особено нагласување дека видеото е преземено од каналот на Амејз, а нивното видео се' уште стои на нивниот канал. Тоа се двојните аршини со кои функционираат денешните онлајн платформи - заштитување на оние што ги злоупотребуваат децата, а санкционирање на оние што ги разобличуваат таквите злоупотребувачи!
Comentarios