top of page

NHS СМЕТА ДЕКА СИТЕ ДЕВОЈЧИЊА ШТО НЕ САКААТ КУКЛИ, СЕ ТРАНСРОДОВИ - Др. Дејвид Бел

– Поранешен главен психијатар на Националната клиника во Англија - NHS

Јас бев претставник на клиничкиот и академскиот персонал. Нештата за кои постоеше загриженост и кои ми беа предочени беа многу, многу сериозни. Најзагрижувачки беа проблемите во врска со... согласноста. Многумина од луѓето што разговараа со мене мислеа дека нивните деца не се способни за да дадат согласност за терапијата.


Потоа, постоеше загриженост дека децата несоодветно се туркаат да транзитираат, кога тие имаа многу комплексни проблеми, за кои навистина требаше да се размисли. Целиот став на она што се нарекува „афирмација“ наместо неутралност и испитување, предизвика значајна штета врз капацитетот на услугата и докторите да ги прифатат сите комплексности на случаите на кои тие работеа. Како резултат, децата се сериозно оштетени.


Низ умот може да му помине (на едно девојче): Можеби не сум девојче. Можеби сум момче. Ако тоа се случеше пред 10-15 години, тоа ќе беше минлива фаза и тоа ќе се одминеше. Но, сега, поради големата промена на културолошкиот контекст и навлегувањето на социјалните медиуми, таквото девојче може да оди на интернет и лесно да стигне до верувањето... дека е момче. А за да стигне до тој заклучок... ќе има многу сили околу неа што ќе ја поддржуваат и сите останати нејзини проблеми ќе бидат претставени низ таа призма.


Тоа што го велам е... децата треба да чекаат. Треба да постои прониклив начин на комуникација со нив, наместо да ги брзаме низ терапии кои имаат непоправливи последици за нивните тела. Она што го зборуваме е да не им се прави штета на децата.


Ова е претерано исполитизирана област. И лидерите од движења со многу силна идеолошка посветеност успеаја да ги заробат законите, и медицински, и професионално, и на медиумите, и во владата, без никакви докази како основа, едноставно чисто силно исполитизирано движење. И сега ги имаме овие последици.

 

Поради настојувањето да не им се даваат хормини на децата и поради тоа што јавно објави колку неетички функионира единствената родова клиника во Англија, Др. Бел беше отпуштен од работа.



 

Извори:




Comments


bottom of page