Сексуалната определба е нешто најинтимно, нешто приватно. И така треба да остане.
Не се согласувам со парадите, имам пријатели од таа заедница, коишто професионално работат и дискретно си го живеат интимниот живот.
Зошто паради? Зошто се чувствувате дискриминирани? Можеби затоа што ни ја пикате вашата сексуална определба во уста на секој чекор?
Горди сте на што? Небаре сте извршиле трансплантација на срце, на бубрег? Небаре сте донирале орган?
Не го знам значењето на горди. Ама ич.
Здрави, прави сте, ништо не ви фали. Да сте хендикепирани, па да ве жалам.
А да, вие сакате преку леб - погача. Со истакнување на вашата сексуална определба, демек дискриминирани, да ви се овозможат привилегии што ние, различните од вас, не ги имаме.
Кога ми треба лекар, прашувам кој е најдобар во неговата специјалност. Не прашувам дали е стрејт или геј.
Значи, нема да барате привилегии, нема во уста да ни ја бутате вашата сексуална определба, туку, како и сите ние останатите, ќе конкурирате достоинствено за работни места врз основа на вашите професионални, а не сексуални квалификации.
Зошто никој не се возбуди толку, кога оние во собрание гласаа против зголемување на мизерната помош од 5.000 денари за децата со посебни потреби, туку сега возбуда до плафон за парадата?
Ај седете мадро, да не почнеме ние, дискриминираните, да организираме протести! Протести на родители на деца со посебни потреби, протести на самохрани родители, протести на сиромашни и невработени, протести на хетеросексуални парови.
Ама нема ниту еден министер да се шепури на ваквите протести. Оти не е шик.
Сите перверзии и бљувотини ги прифативме од Европа,а не можеме да оствариме основни права и помош за оние на кои најмногу им требаат.
Сѐ што правите во вашиот интимен живот е само ваше! Јас да сум работодавец и на интервју да ми кажеш "јас сум геј", нема да те вработам! Бидејќи тоа е ирелевантно! Победува најдобриот.
Толку од мене.
Comments