top of page

НАЈЛОШАТА ГРЕШКА ВО МОЈОТ ЖИВОТ: ПРОМЕНАТА НА ПОЛОТ МИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ

Поранешен маринец, кој транзитира од машко во женско, вели дека сега детранзитира: Остро го критикува Министерството за ветерани, затоа што му одобрило хормони само по едночасовна консултација и својата „промена“ на полот ја нарекува - „најлошата грешка во мојот живот“, известува Daily Mail UK.


Бек пред да транзитира:


· Кристин Бек (55), првото отворено трансродово лице на воената морнарица Фоки, детранзитира и се враќа на своето претходно име, Крис Бек.


· Бек тврди дека бил искористен од лекар од Министерството за ветерани и други активисти, за да го протуркаат и „нормализираат“ она што тој вели дека е радикална трансродова агенда.


· По само една консултација му биле дадени хормони.


· Тој сега го насочува своето внимание кон здравјето на младите луѓе, кои размислуваат за сличен избор како неговиот.


Пензионираниот маринец од морнарицата Фоки, кој се појави на насловните страници откако транзитира од машко во женско, се врати на неговиот пол од раѓање и остро ги критикува транс-активистите, за кои вели дека „го искористиле“.


Кристин Бек (55) детранзитира и се врати на своето претходно име, Крис Бек. Тој ја нарече транзицијата „најлошата грешка“ во неговиот живот и изјави дека му биле дадени хормони само по едночасовната консултација во Министерството на ветераните.


Тој за првпат јавно се изјасни како транс во интервју со Андерсон Купер од CNN во 2013 година. Бек мина низ тешка операција за феминизирање на неговото лице, но не продолжи со операција за менување на гениталиите.

Тој служеше во морнарицата 20 години, вклучително и во елитната единица Фоки - Тим 6, а сега е решен да го насочи своето внимание кон здравјето на младите луѓе, кои размислуваат за сличен избор како неговиот.


„Сè што ќе видите на Си-Ен-Ен со мојот лик, не верувајте ни збор од тоа“, Бек изјавил за време на подкастот со Роби Старбак.


„Сè што ми се случи во последните 10 години, ми го уништи животот. Си го уништив животот. Јас не сум жртва. Сам си го направив ова, но имав помош. Ја преземам целосно одговорноста. Се појавив на Си-Ен-Ен и на други места, и затоа сум овде во моментов. Се обидувам да го поправам тоа“, Бек се осврнува на интервју во врска со неговото транзитирање што го даде за Си-Ен-Ен во јуни 2013 година, кога се појави во шоуто на Андерсон Купер.


„Бев искористен... Бев многу наивен, се наоѓав во навистина лоша состојба и ме искористија. Ми извршија влијание со пропаганда. Бев страшно многу искористен од многу луѓе, кои имаа многу поголемо знаење од мене. Тие знаеја што прават, јас не“, рече тој за време на двочасовниот подкаст.


Бек бил пратен во воена акција 13 пати и добил повеќе од 50 медали и ленти за неговата служба, вклучувајќи Виолетово срце и Бронзена ѕвезда. Тој тврди дека бил искористен од доктор од Министерството за ветерани и други активисти, за да го протуркаат и „нормализираат“ она што тој вели дека е радикална трансродова агенда.


Бек вели дека трансродовите здравствени услуги сега ги повредуваат и децата.


„Има илјадници родови клиники, кои се поставени низ цела Америка“, рече тој. „Штом [децата] ќе влезат и ќе кажат: ‘Јас сум машкуданка’ или ‘Ова ме прави да се чувствувам удобно’, веднаш потоа психологот вели: ‘Ох, ти си трансродово лице’. А потоа следниот ден, вие сте на хормони - истите хормони што тие ги користат за медицинска кастрација на педофилите. Сега, тие им го даваат тоа на здрави 13-годишни деца.


Дали ова ви звучи во ред? Затоа се обидувам да ѝ кажам на Америка да се разбуди“, рече тој.


Бек објасни дека кога го започнал своето транзитирање, му била дадена само едночасовна консултација во Министерството за ветерани пред да му бидат понудени хормони. „Влегов во канцеларијата на психолог, [и] за еден ден имав писмо во раката дека сум трансродово лице. Ми дадоа согласност за хормони. Ми дадоа согласност за сите други работи“, објасни Бек.


„Имав многу проблеми во мојот систем кога почнав да ги земам. Дел од тоа беше платено од Министерството за ветерани, и жал ми е пред американскиот народ што го направив тоа“.


Тој, исто така, откри дека не земал хормони околу седум години.


„Ова е индустрија вредна милијарда долари, се профитира од психолози, операции, хормони, хемикалии, повторни третмани. Постојат илјадници родови клиники, кои се појавуваат низ нашата земја. И секоја од тие родови клиники ќе профитира веројатно над 50 милиони долари“, сумира Бек.


Бек кога се идентификувал како жена:


За време на неговото интервју во 2013 година, за кое тој сега вели дека не треба да веруваме во тоа што го рекол, зборувајќи како Кристен, поранешниот воен морнар од Фоките рече дека морал да ги потиснува своите вистински чувства во текот на целиот свој живот, вклучувајќи ги и двете децении поминати во војска.


Бек рече дека не знаел како ќе реагираат неговите колеги „браќа по оружје“, доколку им го каже својот вистински родов идентитет.


„Постоеше ризик погрешно да го сфатат тоа, а можеби денеска ќе бев и мртов“, рече тој за време на емитувањето, претставувајќи се себеси како жена. „Тешко е да се каже каква ќе беше реакцијата“.


Во тоа време, Бек рече дека дури во 2011 година, по повлекувањето од војската, почнал да го живее својот „вистински“ живот како жена.


Тој му кажа на Купер како почнал да ги „лупи слоевите“ што ги изградил околу себе, а кои ги користел за да ги спречи другите да го видат неговиот вистински идентитет.


„Секогаш гледав на него како на кромид... длабоко во средината на кромидот е местото каде што беше скриена мојата женска личност“, рече тој.


„Можете ли да замислите дека сте во група на луѓе каде животот и смртта се секојдневие. Ние тоа го правиме секој ден, а твојата доверба и твоето другарство... нема ништо слично“, рече тој во интервјуто. „Дефинитивно е тешко, ние велиме дека тоа е сила и чест и сепак тоа е она што го дадов навистина. Дадов вистинско братство и цело време давав 150 отсто“.


Поради природата на битката, некојпат со месеци бил на бојно поле, а потоа имало други периоди кога можел да оди во својот дом за време на викендите и да има слободно време. Во тоа слободно време, тој се „очистувал“ носејќи долна женска облека и женска гардероба во приватноста на својот дом.


Тој раскажа како одел во Викторија Сикрет за да купи долна облека и се преправал дека е за фиктивна девојка, за да ги избегне потенцијалните прашања. Пазарењето за време на големите празници, како што е Денот на вљубените, било уште полесно, затоа што во тие периоди има повеќе мажи во продавниците.


„Купуваш многу работи... тоа те прави да се чувствуваш поблиску до тоа како би сакал да се чувствуваш“, рече тој.


Книгата на Бек:

Тој се појави во очите на јавноста откако објави книга за неговиот живот како член на тимот на SEAL 6, насловена „Принцезата воин: Патувањето на маринец од американската морнарица до неговото јавно излегување како трансродово лице“. Книгата детално го прикажува период до неговото јавно излегување и одлуката да го живее животот како жена.


За време на интервјуто во 2013 година, тој рече дека поголемиот дел од неговите поранешни колеги му дале огромна поддршка, а повеќето негативни коментари доаѓале од непознати кои реагирале на неговата книга, за што тој вели дека во голема мера било последица на предрасуди.


Бек денеска со својата девојка:


Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page