top of page

КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА – НОВО ЛИЦЕ ВО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР


Коалиција за заштита на децата – тоа е името на ново формираното партнерство, преку кое 20-тина граѓански организации и здруженија од Македонија организирано се залагаат за „половата рамноправност и фамилијарните вредности, со акцент на заштита на децата од родовата идеологија во формалното образование, општествениот и социјалниот живот“, како што е наведено на нивната веб страна https://www.zadecata.org/ Коалицијата својата мисија и работа за првпат во јавноста ја објави пред неколку недели, кога без многу најавувања, Владата требаше да гласа за предлог-законот, според кој секој граѓанин на Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак, треба да има право да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција, само со изјава на нотар. Во своето писмено обраќање до пратениците, од Коалицијата детално и поткрепено со докази и линкови објаснија дека со ваквиот предлог-закон се врши директна злоупотреба на правата на жените и загрозување на безбедноста на девојчињата, бидејќи правното менување на пол само со изјава на нотар би овозможило инфилтрирање на мажи со криминална историја во интимните женски простори (болнички соби, старски домови, бањи, јавни тоалети, спортски соблекувални и сл.) и би предизвикало драстично зголемување на стапката на сексуални напади. Дополнително, во писменото обраќање се образложува дека невладините организации, коишто ги застапуваат правата на трансродовите и ЛГБТ лица, прават строга поделба помеѓу родовиот идентитет (родот) и полот. Според нив, родовиот идентитет е социјален конструкт и може да се менува, додека под пол се подразбираат вродените биолошки карактеристики, како што се репродуктивните органи, половите хормони и хромозомите. Тие невладини организации настојуваат законски да се признае родовиот идентитет, а „се обидуваат на сите нас да ни го променат нашиот пол. Полот, според тоа како е објаснет и од самите нив, не е можно да се промени, затоа што половите хромозоми се нашата ДНК вградена во секоја една клетка од нашето тело. Доколку навистина сакаат признавање на родот, а родот и полот се две различни категории, зошто тогаш во овој случај ги изедначуваат и бараат менување на полот во матичната евиденција? Тоа е контрадикторно! Сепак, благодарни сме што наидовме на разбирање од страна на повеќето пратеници“ – констатираат од Коалицијата. „Имаше навистина голема потреба од една ваква Коалиција, преку која ќе може да се заштитат правата на родителите и децата, бидејќи чувствуваме дека тие полека ни се одземаат. Досега немаше никаков баланс во донесувањето на одлуки што директно го засегаат образованието на нашите деца, меѓутоа отсега натаму цврсто застануваме во нивна одбрана од секакви идеологии. Коалицијата е аполитичко, мултиетничко и нерелигиозно тело, така што секоја граѓанска, политичка или верска организација или здружение што ги делат нашите ставови се добредојдени да станат наши коалициони партнери“ – додаваат од Коалицијата. ------------------ Преземено од ФУТВ Медија

20 views0 comments

Commenti


bottom of page