top of page

КОАЛИЦИЈАТА ДЕЛ ОД ДОМАШНА И МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА СЕМЕЈСТВОТО

Минатиот месец Коалицијата за заштита на децата беше дел од голема кампања за промовирање на семејните вредности. Имено, Коалицијата, заедно со над сто други организации ширум светот, кои се застапуваат за семејни, родителски и женски права, стана потписник на заедничка изјава, која беше доставена на пленарното собрание на Советот за човекови права на Обединетите Нации, а по повод значајната панел-дискусија на тема „Имплементацијата на обврските на државите за улогата на семејството во поддршката на човековите права на неговите членови“, одржана во комеморација на 30-годишнината на Меѓународната година на семејството.


Во изјавата се нагласува дека на 30-годишнината од Меѓународната година на семејството има потреба од реафирмирање на централноста на семејството во меѓународната рамка за човекови права. Семејството, како природна и основна клетка на општеството, со право на најширока можна заштита и помош, останува клучен столб во заштитата и унапредувањето на човековите права на сите негови членови, а истовремено служи како примарно тело и катализатор за развојот на нашите заедници и општества.


Исто така, изразивме длабока загриженост поради неуспехот на Обединетите Нации да се решат и да одговорат на зголемените предизвици со кои се соочуваат семејствата денес, вклучувајќи ги и демографските промени, зголемената распространетост на распаѓањето на семејството и технолошката трансформација. Овој системски неуспех, често вкоренет во погрешни поими за напредок и хуманизам, резултираше со растечки тренд на „разнемоќување на семејството“, што не само што го поткопува уживањето на човековите права во рамките на оваа основна клетка, туку и става длабоко оптоварување на општеството како целина. Целото излагање може да го прочитате подолу:



Оваа кампања одеше во паралела и поддршка на кампањата на 20-тина земјите членки на Обединетите Нации, меѓу кои Ангола, Алжир, Бахреин, Кабо Верде, Камбоџа, Египет, Гамбија, Ирак, Иран, Кенија, Кувајт, Малезија, Микронезија, Нигерија, Пакистан, Парагвај, Саудиска Арабија, Сиера Леоне, Судан и Турција, кои бараат прогласување на Меѓународна деценија за акција за семејството, чија цел е да се затворат празнините во вклучувањето на семејната перспектива во системот на ОН. Во прилог, нивното излагање:



Македонија минатата седмица стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027. Коалицијата за заштита на децата испрати повик и барање до мисијата на Македонија при Обединетите Нации, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси Владимир Ѓорчев, да пристапат и ја дадат својата поддршка на кампањата на земјите членки на Обединетите Нации за прогласување на Меѓународна деценија за акција за семејството и подобрување на правтата на семејството во Обединетите Нации. Целото барање може да го прочитате тука:




Comments


bottom of page