Ирена Цветковиќ од ЛГБТИ+ коалицијата „Маргини“ ги нарекува класични фашисти тие што забрануваат книги. Притоа во нејзината објава алудираше на Фејсбук групата „Преземи Одговорност“, која не ја забрани озлогласената книга „Крајот на Еди“ издадена од Полица, туку даде своја критика за поддршката на ЛГБТИ+ пропагандата.
Но, во право е Ирена Цветковиќ, тие што забрануваат книги се фашисти, а токму тоа го прави ЛГБТИ+ движењето во Америка и во други прозападни земји. Овде ќе наведеме само неколку примери.
Една од книгите кои ЛГБТИ+ заедницата ги забранува е „Неповратна штета“ (Irreversible damage) од авторката Абигел Шриер. Книгата зобрува за вистински и реални сосотојби, со кои се опишува социјалната пандемија на трансродовост, особено помеѓу младите девојки, и за неповратната штета од процесот на „промена“ на полот.
Меѓутоа, бидејќи ЛГБТИ+ активистите не сакаат луѓето да ги знаат фактите и вистината, тие дигнаа хајка против оваа книга и под нивен притисок, „Таргет“ продавниците за малопродажба брзо ја повлекоа книгата од своите полици по твитовите кои ја осудуваа нејзината „штетна реторика“. И покрај тоа што беше рангирана број 1 во повеќе категории, Амазон не дозволи издавачот на Шриер да ја рекламира книгата.
Друга книга, која ЛГБТИ+ заедницата ја забранува, е „Здравствени ризици од хомосексуалноста“ (The Health Hazards of Homosexuality). Оваа книга не се занимава со говор на омраза, туку само ги изложува здравствените и психолошките ризици и последици од хомосексулниот живот, притоа изложувајќи научни факти, студии и статистики.
Тука е и „Џони Моржот“, сликовница за деца од 2022 година, напишана од американскиот конзервативен политички коментатор Мет Волш. Книгата на шеговит и доста илустративен начин ја прикажува апсурдноста на аргументот на родовите идеолози дека децата од најмала возраст сами можат да одлучат кој род/пол сакаат да бидат. Организацијата за мониторинг на ЛГБТ медиуми, претходно побара Амазон да ја отстрани книгата од својата ЛГБТК+ категорија. Истиот ден, Таргет ја отстрани книгата од својата онлајн книжарница. Во март 2022 година, група наречена „Нема омраза“ во Амазон циркулираше петиција со која бара Амазон да престане да продава книги како „Џони Моржот“.
Во Македонија, слично нешто моментално се случува и со фимот „Што е тоа жена“ од Мет Волш. Иако тој нуди објективен приказ на родовата идеологија, давајќи можност и на самите родови активисти, вклучувајќи доктори, професори, политичари и обични ЛГБТИ+ активисти, да си го кажат својот став, сепак тие го нападнаа и бараат овој филм да не се прикажува. Причината зошто се плашат од овој филм е тоа што во него пластично се разобличени нивните анти-научни тврдења и верувања.
Фашизам? Да, постои фашизам. И како што Ирена Цветковиќ кажа, фашисти се токму тие што забрануваат книги и филмови. А класични фашисти се оние кои забрануваат книги и филмови, а ги обвинуваат другите за она што самите го прават.
Comments