top of page

АКО РОДОТ Е СОЦИЈАЛЕН КОНСТРУКТ, КАКО ТОГАШ НЕКОЈ ЗНАЕ ДЕКА СЕ ЧУВСТВУВА КАКО МАЖ ИЛИ ЖЕНА



Дора Попова Узуновски

- психолог, гешталт психотерапевт, м-р на клиничка и советодавна психологија -

Утрово ни осамна со веста дека во собрание ќе има предлог закон за промена на полот. Значи, секој кој се чувствува како маж или жена, само декларативно ќе може без никаква потешкотија во процесот да отиде и да каже дека сака да го смени полот со обична нотарско заверение.


Нашиот проблем не е власта, ниту тие што ќе го донесат законот. Проблемот е во тоа што политиката е вмешана во науката. Политиката ја моделира науката и одлучува што ќе биде точно во науката.


Да почнеме со неколку научни дефиниции и прашања кои ги упатувам посебно према фанатиците од типот ,,I trust in science".


Дефиниција за ПОЛ- Биолошкиот пол со кој се раѓа една личност. Може да биде маж или жена.


Дефиниција за РОД (според СЗО)- Социјален конструкт базиран на определбата на машките и женските карактеристики според нормите, улогите и однесувањата на мажите и жените во едно општество.


Бидејќи родот е социјален конструкт, не мора да кореспондира со полот и тука се негира фактот дека во голема мера несвесните биолошки процеси всушност ги одредуваат чувствата и улогите. На пример, генерално мажите имаат повисоко ниво на тестостерон од жените. Од тука природно и нивната агресија е повисока од таа на жените. Понатаму како резултат на вродената агресивност, тие во општеството ја канализираат истата низ улоги и акции соодветни на таа енергија. Тие може да бидат поасертивни на пример. Нејсе.


Така почнуваат неколку конфузии кои ги наметнуваат следните прашања:


1. Ако родот е само социјален конструкт и машките и женските карактеристики се само вкоренети стереотипи, тогаш тоа би значело дека тие како машки и женски се поништуваат. Прашањето ми е: Како тогаш некој знае дека се чувствува како маж или жена, кога машки и женски карактеристики не постојат? Тие се само архетипи, нели?


2. Родовите активисти тврдат дека сексуалната ориентација е вродена, не се избира и според тоа е неменлива. Добро. Зарем не е биолошкиот пол вроден и не се избира? Па зошто тогаш тој да може да се менува, а сексуалната ориентација да не се менува?

3. На кој начин транзицијата од еден пол во друг е помалку трауматична за одредена личност од обидот преку психотерапевт да проба да види дали би можела да научи да се чувствува добро во своето тело? Зошто некој само тек така лесно да може да донесе таква одлука? Зошто да не ги преиспита корените на тоа чувство и дали тоа чувство само натанало како резултат на нешто или пак можеби тоа е автентично?


Поради овие мои ставови скоро бев оклеветена дека го кршам етичкиот кодекс на психолозите и дека ширам научни невистини. Од 2019та година ставот на АПА е дека не постои научен доказ за тоа дали сексуалната ориентација е вродена или резултат на средински фактори.

Сега за сега се земаат двете гледишта во предвид и како такви зошто двете гледишта да не се наведат во учебникот за ССО? Ама не можат да се наведат, бидејќи ако излезе дека постои средински фактор, тоа би значело дека таа може да се менува.


И не, не ширам научни невистини, само отварам соодветни прашања за дискусија.


------------------


Comments


bottom of page