Пораснав како единствено дете, на улица каде живееја само возрасни луѓе, и затоа немав многу пријатели.
На училиште трпев врсничко насилство, физичко и психичко, а кога имав 11 години, еден од моите родители беше дијагностициран со терминална болест. Сето ова ме натера да се затворам во себе некако.
Престанав да одам на одбојка и балет и почнав со часови да поминувам на интернет. Таму почнав да следам одредени "јутјубери", кои во нивните видеа понекогаш споменуваа сексуалност или сексуални работи.
Почнав да гледам и аниме, кое самото по себе и многу серии не беа лоши, но сѐ уште се немав сретнато со фанови на вакви серии, кои се најчесто возрасни луѓе, грумери и педофили.
На 12 години запознав едно девојче на училиште, ќе ја наречам Ана. Таа Ана гледаше исти аниме серии како мене, исти јутјубери, слушаше иста музика. Се радував тогаш, бидејќи буквално само ми требаше да имам некој, со кого можам да излезам низ градов.
По некое време Ана почна да ми кажува чудни работи - дека се чувствува како машко, а потоа - ни машко ни женско, за на крај пак да е девојче, ама бисексуалка.
Јас во меѓувреме психички се потсредив малку, почнав да одам на курс по англиски и најдов другарки. Почна да ми е чудно да се дружам со Ана, исто и моите коментираа за нејзините алишта и однесувањето, но ми беше жал дека дома беше тепана од татко ѝ, и дека поради тоа се самоповредуваше.
После некое време, Ана најде интернет другари и другарки, кои беа доста постари од неа, и почна да ме тера и јас да комуницирам со нив. Тогаш дојде најлошото. Ана почна да ме разубедува дека не сакам машки и да ми праќа порнографија во аниме стил, т.е хентаи, која имаше гнасни работи, од типот на инцест. Многу жени во овие аниме "за возрасни" се нацртани да личат како деца. Постои и цел жанр на тоа, мислам дека се викаше нешто како "лоли".
Не знаев што да правам, дури се сомневав во себеси на моменти. Јас на тогашни 12-13 години сѐ уште немав симпатија, но потоа само испадна дека сум late bloomer (подоцна созреана - заб.на уред.).
Се чувствував исплашена и згадена, повеќе од себеси отколку од неа. Од една страна, јас имав мои морални вредности со кои бев воспитана, а од друга, Ана ми кажуваше дека тоа е застарено и "биготски". Осетив огромен притисок да се сменам себеси од неа и тие нејзини пријатели. Од фарбање на косата и небричење, па сѐ до промена на сексуалноста. Како мојата есенција да е погрешна.
На крај одлучив дека ништо не е погрешно со мене, како што сум така родена, и дека не треба да правам работи, само затоа што друг така посакал, и дека ако нешто ми се гади, тоа е со причина.
Ана веќе одамна не е во мојот живот.
Среќна сум што колку-толку психата си ја спасив, за да пораснам во нормална личност во општеството. Во меѓувреме, се вратив на Православието и се соочив со фактот дека и терминалната болест на мојот родител е со причина.
Мојата приказна е уште една причина зошто опцијата homeschooling (домашно образование - заб.на прев.) е потребна опција.
Бидејќи сите зборуваат за тоа да ги научите вашите деца да не разговараат со непознати, мојот совет е малку поинаков. Бидејќи многу деца, кои паѓаат во тие кругови очајно бараат пријатели, шансите се дека сепак ќе разговараат со непознати луѓе преку интернет. Затоа прво би препорачала стриктно да се остане на "не смее со возрасни".
Родителите треба да се запознаат со одредени "спроводници" кои од само еден обичен интерес, водат до такви некои гледишта. На пример, има одредени цртани со т.н. квир карактери на Cartoon Network, кои само ако ги гледаш, го подготвуваат теренот за децата да бидат поотворени кон ЛГБТ, а ако следиш нивна фан база (често возрасни луѓе) ќе најдеш "борци за социјална правда", кои се опседнати со тие детски цртани. Многу често ако вакви луѓе почнат да зборуваат со малолетници, ќе почнат разговор за пол и сексуалност.
Од моето предолго седење на интернет знам дека таква е серијата Steven Universe. Така што, ако вашето дете почне често да ви зборува за некој цртан, серија или емисија, добро истражете што е тоа, какви се фановите, кои поради сличните интереси потенцијално можат да го најдат и да му пишат на вашето дете.
Постојат интереси и хоби кои не ги привлекуваат ваквите луѓе или пак се многу ретки. Овие се многу специфични серии и филмови, кои ги привлекуваат таквите ЛГБТ опсесивни личности, па затоа пазете вашето дете да не запознае вакви врсници или вакви возрасни.
Пишува: Ј.С.
Comments