top of page

ФЛОРИДА ЗАБРАНИ ПРОМОЦИЈА НА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА И РАЗЛИЧНИТЕ СЕКСУАЛНИ ОРИЕНТАЦИИ ВО УЧИЛИШТАТА


Во четвртокот (24.02.2022) во Флорида (САД) од страна на парламентарните претставници беше донесен закон за забрана на дискусии за родовиот идентитет и сексуалната ориентација во училиштата.


Законот за правата на родителите во образованието, како што е наречен, им дава на родителите поголема прегледност врз образовната програма и увид што нивните деца учат и дискутираат на училиште.


Се разбира, ова не им се допадна на ЛГБТИ+ активистите и прогресивците, кои за да ги оспорат правата на родителите, ги искористија нивните омилени термини - "хомофобичен, трансфобичен, биготски и дискриминаторски" закон, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден, кој го окарактеризира како "полн со омраза".


Во законот се вели дека "повеќе нема да има инструкции на час од страна на училишниот персонал или трети лица за сексуалната ориентација и родовиот идентитет, почнувајќи од градинка, па сѐ до 3-то одделение, или на начин кој не е соодветен на возраста или на развојот на учениците, според стандардите на државата". Тој, исто така, им овозможува на родителите да покренат цивилни судски процеси против училишните реони доколку тие ги прекршат правилата.


Овој закон се предложи откако во повеќе наврати учителите им зборувале на учениците за сексуалната ориентација и родовиот идентитет без знаење и согласност од родителите.


Доколку биде одобрен од Сенатот и потпишан од Гувернерот Рон ДеСантис, тој ќе стапи во сила во јули.


--------------------------


Извори:




1 view0 comments

Comments


bottom of page