Документарец изготвен од Би-Би-Си во 2020 година зборува за притисокот што геј лицата го вршат еден врз друг внатре во ЛГБТИ+ заедницата. Хомосексуалци сведочат дека не се прифатени од нивната заедница и ги сметаат за „премногу грди за да бидат геј“, доколку немаат соодветен физички изглед – стомачни мускули и оформени тела како модели и затоа не се вредни да бидат сакани, прифатени или посакувани за сексуално општење.
Според некои нивни статистики, геј лицата имаат поголеми проблеми со прифаќање на сопственото тело отколку хетеросексуалците. Затоа, голем дел од нив се чувствуваат принудени неволно да вежбаат, да користат стероиди и да подлегнуваат на пластични операции, кои предизвикуваат сериозни психофизички нарушувања.
Еден од соговорниците се изјаснува дека сето тоа се должи на фактот што геј луѓето растеле во околина во која биле посрамувани од другите кои им велеле дека не се во ред и затоа се стремат да се прикажат себеси во што е можно подобро издание, но се чини дека оваа изјава не може да се поткрепи со докази, бидејќи геј заедницата во Обединетото Кралство веќе повеќе децении е широко прифатена, а од друга страна – тој притисок доаѓа директно од нивната заедница, а не од оние што „не ги прифаќаат“.
Крајниот заклучок на водителот е дека ЛГБТИ+ лицата, кои долго време се бореле да бидат прифатени од останатиот народ, сега не се прифаќаат меѓу себе.
Оваа тема е актуелна и во други земји, како што е Австралија, каде и доктори потврдуваат дека хомосексуалците се далеку поопседнати со својот физички изглед, отколку хетеросексуалците.
Comments