Во понеделникот, Кери Бурк, претседател и извршен директор во Дизни, за време на Зум работна конференција отворено кажа дека Дизни веќе има ЛГБТИ ликови во нивните филмови и цртани, но тоа не е доволно. Затоа, во иднина ќе се стремат 50% од ликовите да бидат ЛГБТИ или други помалку застапени групи. [1]
За време на истата конференција, Вивиен Вер, менаџер за диверзитет и инклузивност во Дизни, зборуваше за тоа како во нивните паркови го отстранија секој збор што укажува дека постои само машки и женски род/пол и наместо тоа, ставија неутрални заменки и говор. Во нивните паркови веќе не постои поздравот "Дами и господа, момчиња и девојчиња", по којшто беа препознатливи со децении. [2]
Овие снимки протекоа во јавноста благодарение на новинарот Кристофер Руфо, а конференцијата била свикана откако Дизни беше нападната од нејзини вработени дека не направиле доволно за да го спречат законот што гувернерот на Флорида го усвои во понеделникот, според кој закон им се даваат поголеми права на родителите во образованието на нивните деца и се забранува учителите да им даваат инструкции за сексуалната ориентација и родовиот идентитет на деца во градинка, прво, второ и трето одделение. [3]
-----------------------
Извори:
[1] New York Post - Disney exec vows more gay characters amid huge inclusivity push
[2] New York Post - Disney World pulls classic ‘boys and girls’ greeting to be ‘inclusive’
Comments