top of page

ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-ЦЕНТАР ПРИКРИВА ЛГБТИ ПРОПАГАНДА ШТО СЕ ВРШИ ВО УЧИЛИШТЕТО


Пред само 3 часа објавивме детално образложение со аналитички факти дека на листот од домашната задача наменета за првоодделенци од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Центар се претставени хомосексуални парови, и веќе имаме целосна поткрепа не само со анализа, туку и со реален доказ од каде е произлезена оваа работна задача и за која цел е наменета.


Целата работна задача е од збор до збор преведена од англиски на македонски, од австралискиот веб сајт наречен Twinkl, кој содржи „наставни“ материјали кои може да ги користат едукаторите за време на нивните предавања.


Доколку појдете на веб-сајтот и во пребарувачот напишете „LGBT history month happy family 2023“ или во превод „месец на ЛГБТ историјата среќно семејство 2023“, на самиот врв ќе ви се појави токму оваа слика на „татко и син“ и со сосема истата работна задача, само со една разлика - на веб-сајтот сликата е во боја. Насловот е Recipe For a Special Family Activity Sheet (означен со жолта боја).



Дополнително, во самото објаснување на работната задача го пишува следново:



„Самостојни активности за месецот на историјата на ЛГБТ+

Прославете го месецот на историјата на ЛГБТ+ со овој забавен лист со KS1 (за деца на возраст од 5-7 год. - заб.на уред.) активности за славење различни семејства.


Овој лист вклучува листа со зборови и образец за пишување за учениците да создадат свој рецепт за посебно и со љубов исполнето семејство. Совршен е за предавања во врска со различноста и еднаквоста за време на месецот на историјата на ЛГБТ+, Прајд месецот или во кое било време од годината.“


Доколку сакате самите да се уверите, повелете ЛИНК.


Сега, да се потсетиме на малициозните лаги, манипулации и искривувања на реалноста кои ги изјави директорката Соња Кирковска, која се обиде да ја затаи вистината и како доказ објави изјави и извинувања од родителите дека згрешиле затоа што се побуниле и дека во училиштето не постои геј пропаганда:


„Во објавената слика, односно завршна активност од часот, се претставени татко со синови и мајка со ќерка (еден пример на еднородителско семејство и пример на згрижувачко семејство)“.

Поради ваквите лаги и манипулации, сметаме дека нема место за г-ѓата Кирковска во образовните институции, со оглед на тоа што таа претставува типичен лош пример за децата. Затоа, бараме под итно да си даде оставка!


Од родителите што ги потпишаа изјавите, бараме јавно да се извинат и да ја признаат својата грешка!





Comments


bottom of page