По предлог на нашиот коалиционен партнер Емануил - Здружение за зачувување на Православните вредности, а во рамките на проектот на Коалицијата за заштита на децата - „Биди и ти Дедо Мраз“, Коалицијата заедно со Емануил ги разубавија новогодишните празници на повеќе деца, кои тој период го поминуваа во болница поради незавидни здравствени причини.
Имено, во детската болница во Охрид беа поделени 10 новогодишни пакетчиња и книги, и со нашите скромни заложби, успеавме да донираме 50 евра за малата Дина.
Особено голема е радоста што родителите на Дина информираа дека таа ја помина операцијата добро и закрепнува. Добар дел од туморот на мозокот е отстранет, што им дава надеж дека терапијата со зрачење ќе има поголем успех и туморот целосно ќе се уништи.
Апел до сите оние што сакаат да ги помогнат активностите на Коалицијата, кои вклучуваат и хуманитарни акции како оваа, средствата да ги уплатат на сметките што се приложени на следниот линк:
Comentarios