top of page

ДАНИЕЛА ТЕОВА СО ПРЕКРАСНИ ЦРТЕЖИ ЗА КОАЛИЦИЈАТА

Минатата година нашата Коалиција организира конкурс за најубава писмена творба и цртеж за деца, на темата „Моето семејство е мојот свет“, која доживеа неочекуван успех. На конкурсот првото место залужено ѝ припадна на талентираната Даниела Теова од Велес.


На наша голема радост, таа дополнително ни испрати уште неколку нејзини прекрасни цртежи, кои ги споделуваме подолу. Воедно, преку бои ни долови и како ја доживува Коалицијата за заштита на децата. Резултатот е воодушевувачки и Коалицијата тој цртеж веќе го смета за свој заштитен знак.


Од децата за Коалицијата и повторно за децата – тоа е целта на нашите активности, па затоа ги охрабруваме сите талентирани дечиња да ни испратат фотографии или видео снимки со нивните креации и способности, без разлика дали станува збор за уметност, песна, спорт или нешто друго.


Голема благодарност до Даниела и до нејзините родители, кои ја поттикнуваат и поддржуваат да твори. Се надеваме дека во блиска иднина повторно ќе имаме можност за соработка.


Уживајте во преубавата онлајн изложба.




Comments


bottom of page