top of page

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН СПОРЕД КОЈ БЕБИЊАТА ЌЕ СЕ "АБОРТИРААТ" ДУРИ И 28 ДЕНА ОТКАКО ЌЕ СЕ РОДАТ


Минатиот месец во Мериленд (САД) од страна на сенаторот Вилијам Смит беше предложен нов закон во врска со правото на абортус. [1]


Од предлог-законот не само што зборот "жена/жени" е целосно исфрлен и заменет со - "бремени лица" [2], туку и го озаконува инфантицидот т.е. убивањето на веќе родени бебиња.


„Законот, исто така, предлага ревизија на статутот за фетално убиство/убиство од небрежност, што ќе послужи да се сопре кривичното гонење на виновниците за смртта на доенчиња која не е поврзана со абортус“, напиша во својата анализа адвокатката од Американскиот центар за право и правда (ACLJ), Оливија Самерс.


"Тоа е така затоа што законодавството забранува истрага и кривично гонење за жени и медицински професионалци за „бездејствие“ во врска со „перинатална смрт“.


Со други зборови, бебе родено живо и здраво може да биде напуштено и оставено да умре од глад или да замрзне“, напиша Самерс, „и ништо не може да се направи за да се казнат оние кои учествуваа во таа сурова смрт“.


Таа рече дека јазикот што се користи е нејасен, па законот може да се толкува така што „да се спречи истрагата за смртта на доенчињата најмалку седум дена ПО нивното раѓање, а може да се прошири и на доенчиња на возраст од четири недели!“


Кодексот на Мериленд не го дефинира зборот „перинатална“, рече Самерс. Законот од 2020 година ја дефинира „перинаталната нега“ како „обезбедување грижа за време на бременоста, породувањето, постпарталниот и неонаталниот период“.


Дефиницијата на MedicineNet, веб-локација во сопственост на WebMD, го дефинира како „од 20-та до 28-та недела од бременоста“ до „1 до 4 недели ПО раѓањето“.


Овој предлог-закон само дополнително покажува дека застапниците на абортус, немаат никаква почит кон невиниот човечки живот" - рече Самерс. [3]


Тој, исто така, предизвика голем револт и помеѓу народот, кој отвори и други прашања што произлегуваат од таквата логика: "А што ако не ти се допаѓа твоето 2 годишно дете? Ќе биде ли во ред да го убиеш?" [4]


Овој закон силно го поддржа и промовира организацијата Планирано Родителство [5], чии горди членови се ХЕРА [6] и под чие раководство и насоки ги издаваат и своите прирачници што ги користат за едукација на децата и младите во Македонија во врска со правото на абортус. [7]


-----------


Извори:


[1] Meryland General Assembly- Pregnant Person's Freedom Act of 2022





[5] Twitter - Planned Parenthood


[6] ХЕРА- Партнери





1 Comment


Guest
Apr 05, 2022

Абортус или убиство?

Like
bottom of page